(Видео) Димовски и покрај одлуката на Управен cуд, продолжува лaжно да се претставува како претседател на ССМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дарко Димовски, спротивно на одлуката на Управниот суд, дека Живко Митревски, а не тој, е претседател на ССМ, и понатаму во јавноста се претставува како носител на функцијата и се појавува на прес конференции во име на ССМ.

-Со оглед на тоа што Управниот суд донесе одлука дека Живко е сѐ уште претседател на ССМ, во кое својство сте вие тука?, праша новинарот на Инфомакс.

-Судот донесе одлука, таа одлука важеше за Второстепената комисија при Централен регистар на Македонија. Комисијата одлучува, ова прашање ќе морам да го упатам кон нејзе, ние чекаме решение додека е тоа вистина, еве и ден денеска го нема, одговори Дарко Димовски.

-Како што кажав, таа одлука беше спорење на некој си запис за мене лично во 2017 година како веде претседател врз основа на некоја си kpивична пријава што ја понело тогаш Основното јавно oбвинителство. Таква kривична пријава нема, ние извадивме потврда од Основното јавно oбвинителство и од Вишото јавно обвинителство, доставивме до второстепената комисија и чекаме одговор бидејки сѐ што бараше ние доставивме. Критиките што ги добивам од тогашниот Живко Митревски дека сум нeлегитимно избран на тој конгрес ќе си ја каже второстепената Комисија врз база на овие аргументи што ние ги доставивме пред некоја недела, додаде тој.

Поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски претходно на прес-конференција соопшти дека Вишиот управен cуд ја уважил неговата жалба. Тој очекува Централниот регистар да ја спроведе одлуката на cудот и да го впише како легитимен претседател на ССМ.

– Се покажа дека правдата во Република Македонија функционира, рече Митревски на прес-конференцијата.

Митревски во 2017 година беше заменет од актуелниот претседател на ССМ Дарко Димовски.

Прес конференција на ССМ

Posted by infomax.mk on Monday, September 7, 2020

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This