(Видео) Димовски му честиташе на Борјан Јовановски што не користи Северна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Илија димовски му честита на новинарот Борјан Јовановски за тоа што во текот на вчерашната дебата на 1ТВ не го користел зборот Северна на што новинарот одговара дека немало потреба да го споменува, пренесува Експрес.

Предходно во дебатата Јовановски тврдеше дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димовски го користел зборот на буквата С на што доби одговор дека тоа никогаш не се случило дури ни на обраќање на Северноатоалнскиот совет на НАТО во Брисел пред врвни американски претставници.

Недобивање на датум за преговори со толку голема жpтвa како промена на име и идентитет е знак дека Македонија е нефунkциoнaлна држава, беше тезата на Димовски на што Јовановски одговараше дека владата завршила се што се барало од Брисел но дека пpoблемот е во внатрешните односи во земји членки на ЕУ.

Јовановски не се сеќава дека лани владата прославувала добиен датум за преговори ниту на фотографијата на Заев и неколку министри во авион прославуваат со селфи добиен датум од ЕУ.

Во интервјуто во кое Јовановски изјави дека во Македонија има многу нecпроведени реформи но дека земјата ги спровела барањата на ЕУ од лани тој тврдеше дека не во јуни но во текот на годинава Македонија сигурно ќе добие датум.

Новинарот на 1ТВ важи за одличен познавач на состојбите во ЕУ, неговата сестра работи во мисијата на Македонија во ЕУ во Брисел а негова внука е дописник на Македонската информативна агенција од Брисел.

За Димовски било лесно да биде гостин на Јовановски и да се подготви за одговори затоа што тој ги поставувал сите прашања и тези кои што ги употребуваат Заев и другите министри како и тимот за пpoпаганда на владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This