(Видео) Додека секој со пиштoл пyka кај стигне, МВР казнува граѓани оти маската им е под нос или на едно уво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На МВР поважно им е дали на граѓаните маската им е под нос или закачена само на едното уво за веднаш да ги казнат, а воопшто не им е важно кој поседува и носи со себе пиштол, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во врска со денешниот инцидент во центарот на Скопје, пред поранешната Градска болница, а претходно и во селото Батинци.

„Откако дојде СДСМ на власт изминативе години гледаме само филмски пукотници низ центарот на Скопје и граѓаните не се чувствуваат воопшто безбедно. Секој што си зема за право да носи пиштол во себе, се повикува на блискоста со власта и станува опасен за околината, што денеска се виде и во самиот центар на Скопје“, истакна партискиот портпарол.

Според него, голем е сомнежот дека власта крие нешто бидејќи нејасни биле информациите за денешниот настан.

„Најпрвин очевидци за медиуми брифирале дека лице со пиштол се заканувало и пукало пред болницата, за потоа експресно МВР и директорот на СДСМ на болницата, да демантираат дека немало никакво пукање пред Градската болница, а за што сепак сведочи и автомобилот и пиштолот кои се најдени на паркингот“, нагласи Арсовски.

Партискиот портпарол порача дека дали и зошто полицијата ги крие овие информации од граѓаните останува нејасно, но дека тоа можеби укажува оти се работи за лица кои се блиски до структурите на власта

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This