(Видео) Доделена Нобеловата награда за мир на онлајн церемонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската програма за храна ја доби Нобеловата награда за мир на онлајн церемонија поради пандемијата на корона вирусот.

Прво, претседателката на норвешкиот Нобелов комитет, Берит Реис-Андерсен во главниот град на Норвешка, Осло даде онлајн изјава, по што шефот на Светската програма за храна, Дејвид Бизли, одржa говор во Рим, каде што се наоѓа седиштето на оваа организација.

Организацијата ја доби престижната награда за нејзините напори во борбата против гладот во светот.

Година беа именувани 12 лауреати во шест категории, но освен на добитникот на наградата за мир, наградите им беа доделени во изминатите денови на церемонии низ цела Европа и во САД, во местата каде што живеат добитниците.

Нобеловата награда доаѓа со парична награда од 10 милиони круни (1,1 милион американски долари), диплома и златен медал.

Традиционално, сите раскошни церемонии за доделување на Нобеловата награда се одржуваат на 10 декември, на годишнината од смртта на основачот на наградата Алфред Нобел во Стокхолм, освен наградата за мир која се доделува во Осло, во соседна Норвешка, поради причини кои Нобел ги зачувал за себе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This