(Видео) Доктор Димова: Hycпojaви oд вakцинaтa имa, дoбpa вecт e дeкa пocepиoзни нecaкaни eфeкти ce знaчитeлнo peтки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа количина на дози што пристигна, одговора на бројката на здравствени работници кои се пријавени за вакцинирање. Бројката на вакцини не е доволна, но мора да се почне од некаде. Количината ќе треба да се дуплира за неколку недели, кога ќе треба да се оствари ревакцинацијата, изјави доктор Александра Димова, специјалист по Ортопедска Хирургија, во „Утрински брифинг“.

– Покрај вакцината на „Фајзер“, во очекување сме наскоро да пристигнат и кинеските вакцини. Кога ќе се покрие комплетната бројка на здравствени работници, немаме конкретна информација. Јас спаѓам во групата на оние кои се последни од мојата професија што ќе примат вакцината, бидејќи немам директен контакт со ковид пациентите. Сведоци сме дека, покрај помасовната вакцинација која се одвива во соседна Србија, паралелно се случи да се прошири и новиот сој на вирусот, така што во некаква трка се они, а секако ќе бидеме и ние со покриеноста на вакцинацијата и со тоа како вирусот ќе има нови пикови. Се надевам што поскоро ќе се донесе некоја количина на вакцини во поголема бројка, како би се постигнала помасовна вакцинација, вели доктор Димова.

Засега, вели Димова, дека нема податоци оти вакцините не делуваат на новите соеви, но не се исклучува можноста дека вирусот и понатаму ќе мутира. Друг проблем е временскиот период.

– Заштита по вакцинацијата не се случува веднаш. Она што мора и може да се направи е што побргу да се покрие што помасовно населението со вакцинација. Нуспојави секако дека има, особено оние поблагите, што се случува и со останатите вакцини, а тие се покачена телесна температура, замор, болки во телото и во мускулите. Ова се чести реакции, но она што е добрата вест е дека посериозните несакани ефекти се статистички значително ретки, додава д-р Димова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This