April 30, 2024, 10:53 pm

(Видео) Д-Р СРЦЕВА: Поигрување со граѓаните е да кажувате дека вирусот слабее кога има троцифрени бројки на новозаразени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Троцифрените бројки на новозаразени на дневна основа, како и се поголемиот број починати покажуваат дека ситуацијата со корона вирусот е излезена од контрола, а истовремено власта ја убедува јавноста дека вирусот слабее, вели д-р Марија Срцева Јовановски.

Неколку дена сведочиме на троцифрени бројки на новоинфицирани на дневна основа, како и, за жал, на починати, а сепак не убедуваат дека вирусот слабеел! Воопшто не е така. Ситуацијата со корона вирусот е целосно излезена од контрола. Дополнително на сето тоа се зголемува и бројката на новоинфицирани здравствени работници. Четврти месец во борбата со корона вирусот и лошиот менаџмент, резултира со неконтролирано влошување на состојбата. Македонија стана црна точка во регионот и пошироко. Има многу новоинфицирани и починати за краток период. Она што се случува е поигрување со здравјето на граѓаните. Не смееме граѓаните да се оставиме сами на себе. Не смее и не може граѓаните да се виновни за оваа состојба. Затоа доста, доста беше залажување, доста со политики. Да се отстапи место на струката, на оние кои директно и секојдневно се соочуваат со последиците предизвикани од овој вирус. Кога ќе се стави ситуацијата со корона вирусот под контрола ќе имаме време за се, ќе ги отвориме сите теми. Сега единствен приоритет е здравјeто на граѓаните! – изјави д-р Срцева Јовановски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This