(Видео) Еве зошто Французите се симбол на peволуцијата: Си донесоа своја маса и си сервираа ручек среде улица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На повеќето сопственици на ресторани во Франција, каде во локалите се бара задолжителна пропусница за Ковид-19 за нивните клиенти, ваквата мерка им создава главоболка. Но, за угостителите што работат во пограничните региони, тоа може да претставува закана за нивниот бизнис, пренесува „Данас“.

Во градот Сен Жан Капел, во близина на границата со Белгија, сопственичката на ресторанот „Бенедкит Дијк“ е загрижена бидејќи нејзините клиенти буквално треба само да ја преминат улицата за да најдат белгиски ресторан каде што нема да бидат предмет на новите правила на француската влада.

Откако во понеделникот пропусницата за Ковид-19 стана задолжителна, нејзиниот ресторан „Шале ди Мон Ноар“ се уште нема резервации за претстојниот викенд.

Во Франција продолжуваат и масовните протести против новите корона пропусници поради кои им се забранува на милиони невакцинирани Французи да одат во ресторан.

Французите уште еднаш покажаа зошто се симбол на револуцијата па така постар пар си донесе своја маса и столчиња и си сервираше ручек среде улица.

Погледнете:

Видеото можете да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This