(Видео) „Евротинк“: 60 милиони eвpa oд илeгaлнa ceчa нa дpвa, вклyчeни ce и мoќни пoлитички фигypи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Над 60 милиони евра годишно се „вртат“ од илегалната сеча на дрва во цела Македонија. Најмасовна илегална сеча е забележана во шумата во Кичево, покажуваат истражувањата на Евротинк. Истражувањата опфатија податоци од 2010 до 2019 година, кои покажаа дека станува збор за организирана криминална активност каде криминални групи успеваат да соберат голема количина дрва. Иван Стефановски од Евротинк, вели дека во оваа нелегална дејност се вклучени и моќни политички фигури.

За периодот 2010-2019 се поднесени вкупно 223 кривични и 665 прекршочни пријави за незаконско користење, но истражувањето на Евротинк покажа дека за период од 9 години од Судот во Кичево не добиле ниту една информација околу нивното процесирање.

Инаку, истражувањето откри дека градовите кои се најпогодени од дивата сеча се: Кичево, Струга, Гостивар, Тетово, Куманово и Скопје, а потоа следуваат Берово, Пехчево, Струмица, Битола и Штип.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This