(Видео) Еден од најголемите експерти виролози во САД: Heвозможно е нов виpyс да е толку зapaзен за човекот, освен ако не е од лабopaторија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот директор на Центарот за контрола на заразни болести, Роберт Редфилд, ги промени претходните изјави потврдувајќи го неговото верување дека вирусот кој ја предизвика пандемијата КОВИД-19 излегол од Институтот за вирологија во Вухан.

Појавувајќи за „Фокс њуз“ претходно оваа недела, Редфилд посочи во врска со теоријата за истекување од лабораторијата „тоа е моето професионално мислење, како виролог, тоа е хипотезата која што ја поддржувам“.

Редфилд објасни: „Имав дозвола за висок степен на безбедност да работам со Стејт департментот и групата за национална безбедност, вклучувајќи го и секретарот Помпео, каде што ги разгледавме материјал заедно за да се обидеме да разбереме, требаше да му помогнам да разбере што науката значе“.

Тој додаде: „Не знам дали тој исто така го замоли д-р Фаучи да го стори истото. Но, би рекол дека имав веројатно најголемо ниво на безбедносен сертификат во рамките на агенциите во рамките на Одделот за здравство и човечки услуги, и затоа имав многу информации, од кои некои сега се декласифицирани “.

„И мислам дека, како што гледате дека се повеќе и повеќе се декласифицира, луѓето почнуваат да кажуваат, добро, почекајте малку, можеби треба да ја разгледаме оваа друга хипотеза барем со иста строгост“, продолжи Редфилд.

Редфилд обвини дека имало обид да се поткопа хипотезата за истекување на лабораторијата и истата да биде отфрлена како теорија на заговор пред да се изврши каква било строга научна истрага, нарекувајќи ги напорите „многу антинаучни“.

„И тогаш, за жал, како што споменав, тие научници и Лансет решија да манипулираат. И мислам дека сега гледаме дека има отворање на научната заедница да каже, почекајте малку, треба да ги разгледаме двете можности и треба да бидеме научни во врска со ова “, забележа поранешниот шеф на ЦДЦ.

Тој додаде „Мислам дека постои научна ароганција дека тие можат да ги контролираат сите негативни последици

Редфилд исто така го обвини д-р Фаучи дека одбива да го промени своето убедување од хипотезата за зоонотско потекло и покрај појавата на нови докази кои се спротивставуваат на таа хипотеза.

„Мислам дека Тони цврсто се држи до оваа хипотеза“, рече Редфилд и додаде „Сега, зошто би било тоа? Па, реалноста е, единствениот начин на којшто нови патогени микроорганизми историски се пренеле на човечкиот вид е од зоонозен извор. Значи, ова не е чудно. Вака било секогаш “.

Редфилд продолжи: „И сега го имате ова друго прашање, бидејќи луѓето прават истражувања, особено во овој опсегкој ние го нарекуваме истражување за добивка на функции, каде што земаме дека природни патогени микроорганизми кои не ги инфицираат луѓето и им правиме работи во лабораторијата, со што стекнуваат можност да заразат луѓе “.

„Сметам – како вирусолог, дека не е изводливо биолошки сега , одеднаш, овој вирус, дури и ако го најдеме оној посредник извор на заразата, што не го најдовме, е дека веднаш некако научил како да се биде многу заразен за човекот “, истакна Редфилд.

Како што претходно забележавме, сегашната директорка на ЦДЦ, Рошел Валенски, исто така, призна дека постои „можност“ вирусот КОВИД-19 да излегол од лабораторијата во Вухан. “.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This