(Видео) ЕКОЛОШКА КAТАСТРОФА: Состојбата на Калиманци е алapмантна, акумилацијата има одвај третина од вкупниот капацитет на вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски денес беше во Македонска Каменица кај акумулацијата Калиманци. Од она што можеше да се забележи, и овде ситуацијата е алармантна. Акумулацијата која има капацитет од 120 милиони метри кубни вода има околку 30 милиони метри кубни вода.

-Ова позади мене е акумулацијата Калиманци и од она што можам да го видам на лице место дека имаме една алармантна ситуација односно акумулацијата има 30 милиони метри кубни вода иако знаеме дека вкупниот капацитет е 120 милиони метри кубни, вели Трипуновски.

Она што мене дополнително ме загрижува е наредната 2020 година која што оваа брана треба да ги опслужува 8те општини во овој дел на Република Македонија, во делот на земјоделското производство се потребни околу 100 милиони метри кубни вода за наводнување а само за потсетување оваа акумулација ги опслужува земјоделците од 8-те општини Виница , Кочани, Зрновце, Чешиново – Облешево, Штип, Карабини, Свети Николе и Лозово и за годишните потреби за наводнување на земјоделските површини се околу 100 милиони метри кубни вода. Знаеме дека во овој дел на Република Македонија најголемо производство е оризопроизводството и со една ваква ситуација се доведува под знак прашалник новата 2020 реколта на производство на ориз и едноставно земјоделците ќе не можат да ја одгледаат оваа култура, додава тој.

Инаку, оваа ситуација е резултат на несериозниот и недомаќински однос на акционерското друштво АД Водостопанство и нормално на целокупната влада на Зоран Заев затоа што минатата 2019 година имавме нерационално трошење на водата, знаеме дека минатата година негде есента десетици дека водата истекуваше од браната без да има некаква потреба тоа е сериозен губиток на вода и нормално она што значи несериозен однос е во делот на неинвестирање во системот за наводнување на левиот и десниот магистрален канал кој што ги опслужуваат земјоделците.

Сето тоа резултираше да денеска имаме една празна акумулација што ќе значи најава за eколошка kaтастрофа во 2020 година. Од оваа посета сакам да апелирам до владата и до сите надлежни институции веднаш и сега да се направи некое тело кое што ќе направи стратегија и ќе се превземаат некои интервентни мерки и чекори со цел да се надмине оваа состојба и да се најде некое решение затоа што како што спомнав 2020 ќе биде еколошка катастрофа во делот на земјоделското производство на овој дел на Република Македонија.

Ние како ВМРО ДПМНЕ будно ја следиме ова ситуација и за оваа катастрофа која што се случува некој после 12 Април ќе понесе одговорност, рече Трипуновски.

Брана Калиманци, 02.03.2020

Ова позади мене е акумулацијата Калиманци и од она што можам да го видам на лице место дека имаме една алармантна ситуација односно акумулацијата има 30 милиони метри кубни вода иако знаеме дека вкупниот капацитет е 120 милиони метри кубни. За 8-те општини Виница, Кочани, Зрновце, Чешиново – Облешево, Штип, Карабини, Свети Николе и Лозово годишните потреби за наводнување на земјоделските површини се околу 100 милиони метри кубни вода и со една ваква ситуација се доведува под знак прашалник новата 2020 реколта на производство на ориз и едноставно земјоделците ќе не можат да ја одгледаат оваа култура.Инаку, оваа ситуација е резултат на несериозниот и недомаќински однос на акционерското друштво АД Водостопанство и нормално на целокупната влада на Зоран Заев затоа што минатата 2019 година имавме нерационално трошење на водата.Ние како ВМРО-ДПМНЕ будно ја следиме ова ситуација и за оваа катастрофа која што се случува некој после 12 април ќе понесе одговорност.

Posted by Цветан Трипуновски on Monday, March 2, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This