(Видео) Екс градоначалникот на Прилеп: После еден век изградивме 4 нови црвки во Прилеп, се надевам дека ќе продолжи овој тренд на самоодржување на македонскиот народ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ПОСЛЕ ЕДЕН ВЕК ИЗГРАДИВМЕ 4 НОВИ ЦРКВИ ВО ПРИЛЕП!

➡️После еден век во градот под Марковите Кули, со амин на МПЦ и Преспанско- Пелагониската епархија, а со голема помош од верниците, бизнис секторот и пред сè ЛС Прилеп, се иницираа и реализира изградба на 4️⃣ православни храмови во градот…

Прилеп имаше голема потреба од нови цркви затоа што градот во последниот век неколкукратно го зголеми бројот на своето население, но и се прошири неговата територија… Одлуката на тогашната ЛС и Советот се покажа како правилна и денес овие православни храмови се едни од најпосетените во градот, со што се потврди оправданоста за нивно воздигнување…

▶️Да потсетиме, беа изградени велелепните цркви:
🔸️ “Св.Петка” (соборен храм) во населба Точила;
🔸️ “Св.Елена и Константин” – маалска црква во населба Типски Куќи;
🔸️”Св.Пантелејмон” – во кругот на болницата и најголемата населба Рид”
🔸️ “Св.Наум Охридски” – во близина на Паркот на Револуцијата”;
▶️Покрај изградбата на цркви, градот за прв пат во историјата доби и заштитник светец – “Св.Никола” и во негова чест во строгиот центар на Прилеп се изгради параклис од бел прилепски мермер…

Прилеп отсекогаш важел за еден од духовните центри на православието на Балканот, па не само изградбата на овие цркви, исто така беа средени и осветлени и најстарите цркви во нас. Варош и повразани со турстичка патека “Крал Марко”: “Св. Димитрија”, “Св.Никола”, манастирот “Св.Архангел Михаил”…

▶️Со помош на црковните одбори и верниците, со помош на бизнис секторот, во мандатот од 12 години на територијата на општина Прилеп беа изградени и осветени и многу други цркви, конаци, камбанарии:

🔸️”Св.Петка” во с.Лениште”;
🔸️”Св.Илија” во кругот на манастирот во с.Дрен;
🔸️”Св. Вознесение Христово” во село Волково;
🔸️”Св.Никола” во с.Беровци;
🔸️”Св.Петка” во с. Н.Лагово…и многу други;

▶️Со помош на Министерство за култура пак беа изградени конаците во манастирот “Св.Никола” од 14 век во село Манастир (Мариово), нов конак во манастирот “Св.Архангел Михаил” (нас.Варош), како и започна возобновувањето на комплетно изгорените конаци во еден од најубавите манастири во Македонија – “Трескавец”.

☑На општо задоволство, со сите овие инвестиции изминатиов период Прилеп останува една од колевките во зачувувањето на религијата, православието, традицијата и културата на овие македонски простори..

▪️П.С.: Се надевам дека идната локална самоуправа ќе продолжи со овој тренд на самоодржување на православието и Македонскиот народ, пишува на Фесбук екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This