(Видео) Жecтоки cyдиpи во Ерусалим: Пoвpeдeни 205 Палестинци и 17 израелски полицајци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 205 Палестинци и 17 полицајци се повредени во синоќешните судири меѓу израелската полиција и Палестинците во Ерусалим, пренесоа медиумите.

Најмногу повредени имало во близина на џамијата Ал Акса, каде Палестинците фрлале камења и пиротехника кон израелската полиција, која одговорила со гумени куршуми и солзавец.

Судирите во близина на џамијата Ал Акса во Ерусалим се резултат на повеќедневни тензии и вчерашната смрт на двајца Палестинци, откако израелските безбедносни сили одговорија со оган на нападот врз израелска база во окупираниот Западен брег, пренесе агенцијата АП порано

Синоќешните судири избија кога голем број израелски полицајци беа распоредени околу џамијата Ал Акса, додека муслиманите славеа на вечерната молитва во светиот месец Рамазан.

Видеа од местото на настанот покажуваат дека верниците фрлале столици, камења и други предмети кон полицијата, која за време на интервенцијата упаднала во џамијата.

Канцеларијата на палестинската Црвена полумесечина соопшти дека за време на судирите биле повредени 205 Палестинци, од кои 88 биле хоспитализирани, пренесува Интернационален Спутник.

Според израелската полиција, шестмина полицајци биле повредени во инцидентот во Ерусалим. „Тајмс оф Израел“ објави дека најмалку 17 полицајци биле повредени.

Претставниците на џамијата повикаа преку звучниците да ја смират ситуацијата, барајќи полицијата „веднаш да престане да пука со гумени куршуми и солзавец кон верниците“, а младите Палестинци „да се смират и да престанат да протестираат“, се вели во извештајот на дописникот на Ројтерс од сцена.

Полицијата употреби и водени топови за да го запре инцидентот.

https://twitter.com/rs_sputnik/status/1390899360452562945

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This