(Видео) Заев: Доколку не успеам да формирам Влада, мандатот ќе го добие Мицкоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево го доби мандатот за формирање на Влада од страна на Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски. Иако Заев е убеден дека ќе формира Влада и тој ќе биде претседател на истата во времетраење од 4 години, ДУИ не отстапува од своето барање за Албанец премиер.

Имено на прашање на Инфомакс што ќе се случи доколку Заев не успее да формира Влада за време на законскиот рок од 20 дена, дали ќе го врати мандатот и дали можеби ја разгледува опцијата за спроведување на брзи избори тој одговори дека ќе ги почитува законите и Уставот.

Заев се спореди себе си со екс премиерот Никола Груевски кој го врати мандатот и истакна дека ќе го стори истото и меѓудругото посочи дека мандатот ќе го добие следниот по број на добиени пратенички мандат субјект во Собранието. Ова значи дека доколку тој не успее да формира Влада мандатот ќе го добие претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Заев притоа не одговори дали размислува на нови предвремени парламентарни избори.

Погледнете го неговиот одговор во целот.

Ако Заев не успее да формира Влада, мандатот ќе го добие Мицкоски

Ако Заев не успее да формира Влада, мандатот ќе го добие Мицкоски

Posted by infomax.mk on Thursday, August 13, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This