(Видео) ЗАЕВ ПРВ ГИ ВИДЕЛ БOMБИТЕ НА ЛА ВЕРИТА: Не се откажа од Јанева до моментот кога таа не отвори истраги за актуелни функционери на власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И по долг период се чини конечно се одмотува клопчето околу случајот „Рекет“, македонската јавност доби и конечен одговор од Зоран Заев кога тој наводно го пријавил рекетот иако за тоа нема никаква белешка или документ, но она што можеби е клучно е тоа што премиерот го видел сето она кое што „Ла Верита го објави.

Да токму така, Зоран Заев е првиот човек во Република Македонија кој ги видел видеата објавени од италијанскиот медиум, кога сведокот Јордан Камчев го посетил премиерскиот кабинет. Заев го сподели овој податок со македонската јавност одговорајќи на прашањето на уредникот на Инфомакс, Александар Митовски зошто и по пријавувањето на рекетот од страна на Орце Камчев, Јанева за него се уште беше институција. Во негова одбрана тој посочи дека верувал во пресумција на невиност, но сепак овој негов „принцип“ не важеше при објавувањето на бомбите, па македонскиот „Бошко Буха“ не само што објавуваше прислушкувани разговори, тој даваше нарација и предвреме го осуди речиси целиот државен врв.

-На 22 април кога го пријавив случајот, јас го пријавив тоа што го видов, а тоа е тоа што беше објавено од Орце Камчев, односно предадено во ЈО од Орце Камчев. И таму ја гледате Катица Јанева? Ја гледате комуникацијата помеѓу Боки 13, Орце Камчев, сето тоа што се случувало видеото кое што го гледате. Не можете никого да обвините претходно. На крајот од  истрагата дојдомве до денешната состојба на перцепција која каде бил, вели Заев.

 

На 17 јуни, два дена по притворањето на првообвинетите Зоран Милески и Бојан Јовановски  Заев истакна ‘За мене никој не е виновен додека тоа не се докаже’   коментирајќи ги наводите за инволвираност на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во рекетот.

Заев ја сметаше Јанева за човек „кој се борел за правда и покажала храброст во време кога сите шепотеле“. „Додека не се докаже дека таа е инволвирана во криминал секако дека стојам зад неа како личност“, рече Заев.

Што се смени за неполн месец?! Ова е клучното прашање кое треба да си го постави секој еден имајќи во предвид дека по објавувањето на бомбите на „Ла Верита“ на првиот јавен настап на Зоран Заев истакна дека она што го видел од страна на „специјалката“ е идиотски. Епа премиере како во април не беше идиотски, а во август е?

Ова значи дека иако Камчев на Заев му претставил несоборливи докази дека Јанева рекетирала, тој со месеци калкулирал и пресметувал како да постапи во јавноста и да ја изменаџира состојбата. На 13.08.2019-та година кога Заев ја имаше онаа неславна изјава за „педерот“ тој повторно ја направи целата македонска јавност будала посочувајќи дека откако ги видел видеата на „Ла Верита“ бил шокиран од она што го правела Јанева и како тоа за него било идиотски.

Одговарајќи на прашањето дали е разочаран од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тој посочи:

-За мене идиотски е настапот, засега, согласно со досегашните докази. Очекувам истрагата да ги покаже доказите за секој, вклучително за Катица Јанева, Зоран Заев, за кој било случај. Апсолутно само така ќе покажеме дека има владеење на правото.

Сега следува одговорот на прашањето што се смени! На 09.08.2018 година 4 дена пред инфамозната изјава на Заев за „педерот и идиотското однесување“ на Јанева, специјалката се огласи со соопштение.

„Ја слушнав снимката објавена на порталите поврзана со случувањата за случајот ‘Рекет’. Фрапирана сум како моите постапки како специјален јавен обвинител се донесуваат во каква била корелација со случајот ‘Рекет’. Како специјален јавен обвинител моја обврска е да контактирам со сите осомничени, како и со други лица во врска со кривичните постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство и од сите нив да се обидам да извлечам што поголем број информации како би ја подобрила позицијата во контекст на осомничените за секоја истрага/предмет поединечно”, се вели во изјавата на специјалната обвинителка Катица јанева, која неодамна поднесе оставка на фунцијата.

Таа тогаш истакна дека откако ќе бидат презентирани десетината истраги подготвени за брзо процесирање, од страна на СЈО многу нешта ќе бидат појасни за јавноста.

„Во тие истраги се осомничени и се надевам дека ќе бидат обвинети многу поранешни и сегашни функционери во власта и значајни личности во партиите, па од таму е јасно зошто некој со сите сили и со невидена медиумска хајка се обидува да го загрози мојот и кредибилитетот на СЈО, како и на сите други обвинители, а со тоа се обидува да ги уништи кривичните предмети кои се водат во обвинителството. Се надевам дека тоа нема да се случи.

 

На прашање на Митовски, Заев го коментираше и соопштението на Јанева и одговори „округло па на ќоше“.

-Истраги гледате дека и до денес има врз актуелни функционери и на Владата и на парламентот, насекаде по јавните институции и тоа е така и така треба да биде. Сите треба да бидат еднакви пред законот, секој што има индиции треба сериозно да биде истражен, вели Заев.

 

 

Да се потсетиме на писмото на Јанева, испратено некаде во месец септември годинава, додека Катица Јанева беше во притвор, таа ургира кај Љубомир Јовевски овој да направи увид во списите кај Вилма Русковска. Зошто? – Бидејќи шефицата на СЈО во тој момент, се сомнева дека нејзината изјава дадена пред обвинителката за Организиран криминал и корупција била сокриена од шефот на ЈО Љубомир Јовевски.

Дополнително, Јанева го предупредува Јовевски да отвори очи, и да се заинтересира за истрагите кои во СЈО ги отворила токму таа, а кои содржеле клучни елементи кои ќе го објаснат начинот на нејзиното делување и она што и се случува.

„Ве молам во интерес на Обвинителството (се мисли на ЈО) разгледајте ги сите документи и мојата изјава дадена пред Вилма Русковска. Таа не ве извести за мојата изјава. Во СЈО има истрага која ќе разјасни многу работи во врска со моето дејствување“ – пишува Катица Јанева во писмото испратено до Љубомир Јовевски, напишано во ракопис преку затворската управа на затворот „Скопје“.

За кого Јанева отворила истрага за Заев да се откаже од својата „бела мечка“?!

 

https://www.facebook.com/PismanAdzija/videos/506422296660843/

Пишува: Милош Милошевски, Александар Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This