(Видео) Заев: САД мoжe oд 850.000, дa ни дaдaт 2.000 – нaмecтo вakцинитe, oд Кина ќe дojдe миниcтepoт пa ќe кaжe дaтyм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кон крајот на месецов се очекуваат првите количини преку Ковакс системот, а следната недела и вторите дози од руската вакцина „Спутник“ со која се вакцинираат здравствените работници изјави Премиерот Зоран Заев. Тој очекува кон крајот на месецов или почетокот на следниот да започне масовната имунизација во земјава.

„На 30-ти доаѓа министерот за одбрана на Кина и веруваме дека ќе донесе попрецизна информација кога ќе стигнат и кинеските вакцини. Мислам дека кон почетокот на следната недела ќе стигнат и вторите дози од „Спутник“ кои се користат за здравствените работници“, истакна Зоран Заев.

Заев рече дека очекува солидарност за вакцините пред се, од Европската унија. САД, како што додаде, можеа од 850 илјади вакцини, дневно да одвојат две илјади вакцини или 20 илјади за регионот којшто не е во ЕУ, а е кандидат за членство.

„Знам дека комесарот Вархеј прави максимални напори, знам дека легнаа на сметка одредени пари со кои треба да платиме. Тоа се донации, европски пари. Не ги знам деталите,  соодветните министри ќе ги соопштат, но знам дека прават се“, посочи Зоран Заев.

Заев призна дека Србија подобро се снајде од нас при набавката на вакцините иако е НАТО неутрална.Но, сепак не теши дека во сложена и комплицирана ситуација се и САД и земјите членки на ЕУ. Буквално и таму атмосферата е иста додека трае процесот на вакцинација објасни Заев.

Покрај здравствените домови и здравствените установи каде може да се врши имунизација, се подготвуваат и дополнителни објекти со цел побрзо да се спроведе масовната имунизација на населението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This