(Видео) Заев со изјaва по Самитот на НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинашниот Самит на Алијансата, односно на пленарната седница на Северноатлантскиот совет.

Премиерот даде кратка изјава за новинарите во која истакна дека ова е историски самит за државата и регионот.

„Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, првиот НАТО самит со 30 земји членки е историски момент за Македонија. Ова ни е прв самит на кој учествуваме како полноправна членка. Ова е голем успех за нашата земја и регионот“, истакна осветени сме да изградиме нов Балкан со зајакната регионална соработка. Секоја земја од Западен Балкан треба да ја нагласи евроатлантскиот приоритет за да се дојде до безбедност на регионот, рече премиерот Зоран заев по завршувањето на самитот на НАТО. Ќе сториме повеќе за да го заштитиме меѓународниот поредок“, истакна Заев

Шефовите на држави и влади на овој Самит се согласија дека тој се одржува во клучен момент за Алијансата и за нејзината колективна безбедност.

Во ерата на новите поместувања на глобалната безбедносна сцена НАТО ги засилува позициите наспроти предизвиците за заедничко да донесување одлуки на стратешко ниво за понатамошно прилагодување на НАТО и неговата клучна улога во иднина.

Лидерите на НАТО и на земјите членки се едногласни дека ниту една земја или континент не може да се справи сама со овие предизвици, и дека трансатлантското единство и солидарност се од витално значење за да се одржат нашите нации членки на Алијансата безбедни.

На НАТО Самитот 2021 е споделена оценката дека пред нејзините членки е историската можност да се зајакне врската меѓу Европа и Северна Америка и НАТО да се подготви за иднината и затоа иницијативата НАТО 2030 за продолжување на адаптацијата на Алијансата е во срцето на Самитот

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This