(Видео) Заев – Харис: Гopди cмe нa eвpejcкaтa зaeдницa вo Македонија кaкo вaжeн ceгмeнт нa нaшeтo мyлтикyлтypнo oпштecтвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со Дејвид Харис, извршен директор на Американскиот еврејски комитет одржаа средба во рамки на работната посета на Атина.

Главниот акцент на разговорите беше ставен на најактуелното прашање за ЕУ-перспективата на нашата земја. Премиерот Заев истакна дека еврејската заедница во земјава иако е мала, таа е многу активна и придонесува во градење на демократското општество со свои претставници во националните институции.

Извршниот директор на Американскиот еврејски комитет, Харис рече дека премиерот Заев и Македонија имаат голема поддршка за евроинтегративните процеси на земјата. Како што беше кажано на состанокот Македонија е членка на НАТО и сите очекувања се да започнат интегративните процеси како што беше ветено.

На средбата се дискутираше и за енергетските проекти и договорите кои се потпишуваат со Грција после Договорот од Преспа, а имаат цел економско поврзување и напредок на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This