(Видео) ЗЕКИРИ СО ПPOBOКАЦИЈА ДО ДУИ: Што ќе ми се во први редови, што подалеку, тоа подобро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На конвенцијата, албанските партии седнати далеку од Заев и Пендаровски! Мухамед Зекири: Што подалеку, тоа подобро! „Напред“ може да бидат „заедно“, ама од концептот “Напред Заедно“ малку се гледа во кампањата на Стево Пендаровски, кого го поддржуваат албанските партии на власт, ДУИ, Алтернатива, ДПА и НДП! Барем, на конвенцијата која се одржа пред два дена во Скопје, ниту една од албанските партии не беше во првите редови со Заев, туку на вториот кат, зад него, пренесува ТВ 21.

 

Се пее химната

Да, ја пеат химната на Македонија. Полна сала на конвенцијата на Стево Пендаровски!

Среда вечер. Поканети се 32 партии кои ја поддржуваат кандидатурата на Пендаровски, вклучувајќи ги ДУИ, ДПА, Алтернатива и НДП.

Но, ниту една од нив не се гледа на снимките.

Не се гледаат ниту во аголот, каде Заев стои со дел од неговиот кабинет.

Ниту зад него!

Ниту од страна!

Ниту во вториот ред. Третиот или четвртиот!

Ниту спроти Заев, ни лево ни десно од него не се гледаат албанските партии, кои бараат “Заедно напред“ преку Стево Пендаровски!

Ајде уште појако Ма-ке-до-ни-ја

“Во нашата држава, да бидеме реални, никогаш не било лесно да се надминат етничките бapиepи, а ова беше особено тешко во политиката“

Но, каде беа седнати албанските партии на конвенцијата на Пендаровски?

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, за ТВ21 рече дека биле седнати во ВИП ложата заедно со 31 друга партија.

Така, според Груби, одлучил протоколот!

Поинаку вели за ТВ21, Арбр Адеми кој беше заедно со Артан Груби, Садула Дураку, Изет Меџити, Бујар Османи, Невзат Бејта!

Според Адеми, на конвенцијата на Пендаровски, имало голема делегација од ДУИ и побарале да седат сите заедно!

Адеми, потсетува за ТВ21, дека им рекле на организаторите дека може да седнат каде сакаат и дека не било тоа одлука на некој друг.

Вицепремиерот Бујар Османи за ТВ21 рече дека во ложата бил со претставниците на Владата!

Вели дека до него биле колегите од Владата, Кочо Анѓушев, Рената Дескоска и Горан Сугарески, и дека одлуките ги носат штабовите за посебни кампањи.

Шефот на изборниот штаб на СДСМ, Александар Кирацовски не одговори телефонски на повикот од ТВ21!

Го побаравме и во Изборниот штаб, но не го најдовме.

Но, потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири за ТВ21 рече дека албанските партии како и другите партии биле на своите места.

Според него, се било организирано според протоколот.

„Беа сместени во ВИП делот на салата „Борис Трајковски“, и сите беа седнати токму во тој дел. И никој не беше запocтавен, сите беа заедно со министрите и лидерите на партиите кои се дел од коалицијата во ВИП делот кој е предвиден внатре во салата“, изјави Мухамед Зекири – пратеник на СДСМ.

Шефот на штабот на ДУИ и потпретседател на партијата Изет Меџити не одговори на прашањата на ТВ21. Исто така и вториот потпретседател на ДУИ, Садула Дураку не даде одговор.

Ниту Сухејл Фазлиу од НДП, ниту Бардиљ Даути не сакаа да зборуваат.

Африм Гаши, претседател на Алтернатива, беше на конвенцијата и потврди дека бил заедно со другите албански партии во ВИП делот.

Според него, тоа е над трибините, зад Зоран Заев.

И така испадна.

Толку беа далеку на трибините што беше тешко да ги “фати“ камерата од доле во салата.

Мухамед Зекири кажа една интересна шега.

ТВ21: Зошто не ги сместивте во прв ред?…?

Мухамед Зекири, пратеник на СДСМ

“Колку подалеку, толку подобро„

 

На конвенцијата, албанските партии седнати далеку од Заев и Пендаровски! „Што подалеку, тоа подобро“, вели Зекири!

На конвенцијата, албанските партии седнати далеку од Заев и Пендаровски! „Што подалеку, тоа подобро“, вели Зекири!

Posted by TV21 on Friday, April 5, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This