(Видео) Зошто никој не се јави да го демантиpa kриптokpиминал во ГТЦ, и зошто добиваме зakaни ако не беше вистина?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес во Градскиот трговски центар се одвиваше вистинска драма. Екипата на Инфомакс, заедно со уште неколку новинари, затече десетици компјутери за копање на криптовалути популарно наречени ригови кои се диво приклучени на електричен приклучок на ГТЦ.

Неофицијалн, синот на починатиот пратеник Амди Бајрам Елвис Бајрам е вмешан во нелегално копање на криптовалути во центарот на Скопје.

Полициските службеници кои пристигнаа на местото на настанот, без да влезат во објектот, констатираа дека нема кривично дело и кратко потоа објавија и официјално соопштение во кое се вели дека не е утврдена било каква кражба на електрична енергија, по што е утврдено дека не постојат елементи за сторено кривично дело.

Сепак, новинарите на Инфомакс добија закани да се повлечат, а добија и еден по малку комичен предлог, дека ако престанат со снимањето, ќе добијат информација каде на друго место се копаат криптовалути.

Сепак, никој, од објавувањето на прилогот, не излезе да демантира дека во тој објект се копаат криптовалути, ниту пак се огласи сопственикот, односно закупецот на просторот, да одрече дека таму се прекршува законот.

И директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски, изјави дека не знае кој го изнајмил просторот, како и дека е запрепастен она што се случувало во неговиот објект и дека прв пат од медиумите дознава за тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This