Стојаноски: Овој хибриден peжим предводен од СДСМ-ДУИ, само со kиднапиран пратеник можеше да ја спаси владината коалиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, вечерва гостуваше во емисијата ,,Објектив” која се емитува на МРТ.

Тој зборуваше за актуелните случувања во Собранието на Република Македонија, за обидот за рушење за власта на Зоран Заев и неговиот начин и делување за повторно да успее да ја задржи.

– Ние го направиме тоа што секоја опозиција во секоја нормална и демократска држава го прави – да ја сруши власта, особено со добиениот легитимитет на локалните избори каде што ВМРО-ДПМНЕ и опозициските партии се апсолутни победници и во бројот на советници и во бројот на градоначалници. Но видовме дека овој хибриден режим, составен од коалицијата СДСМ и ДУИ, само со киднапиран пратеник може да ја спаси таа каква таква владина коалиција. И мене ми пречи зошто не се зборува за еден друг факт, а тоа дека соодносот на силите беше 58:62, една парламентарна партија, Беса, излезе од таа коалиција и соодносот барем на тој беше 60 за опозицијата, 59 владината коалиција и еден беше киднапиран, рече Стојаноски.

Стојаноски продолжи за лагите и објаснувањата поради кои наводно пратеникот Кастриот Реџепи не гласал, бидејќи според него се кочеле евроатлантските интеграции, и другата причина која Реџепи ја наведува дека го повлекол својот потпис, а тоа се пратениците на Левица кои се потпишани над него.

Тука се поставуваат две прашања:
– Зошто човекот не дојде во Собранието да излезе, да земе збор, да образложи пред целата македонска јавност не го поддржува ова и уште едно прашање, зошто пратениците на СДСМ не влегоа во салата и да ја одбранат својата влада, а тоа е најверојатно поради тоа што Зоран Заев не е сигурен во своите пратеници. Така да, она што јас го сумирам, се виде дека Македонија дојде рамо до рамо со Мексико кои се единствени земји во светот како што се киднапираат пратеници и каде што пратеничкото место стана опасно за оние кои го извршуваат, кажа Стојаноски.

Стојаноски рече дека со тие 61 пратеници кои претходно се потпишале, сакале да ја турнат оваа власт и веднаш потоа идниот мандатар кој што ќе го земе мандатот, да отвори преговори со сите парламентарни партии и со сите оние со кои ќе се согласат со програмските цели, а тоа се дека Македонија треба да биде членка на ЕУ, која ќе продолжи да биде членка на НАТО, да бидеме силна и економска држава. Додека пак вториот чекор, кога ќе се отвореа тие преговори за да се направи влада, доколку некои од партиите не се согласуваат со програмските цели, нема да бидат дел од новата владина коалиција која ќе ја составеше ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This