(Видео) Иван Стоилковиќ ги повика Србите во Македонија: Време е за нов почеток

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Народот ја одби лудачката кошула, а кризата предизвикана од Ковид-19 дополнително го увери дека без државата сме никој и ништо, затоа и очекува од нас да му ја вратиме довербата во државата, пишува на Фејсбук Иван Стоилковиќ, Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија.

Стоилковиќ изрази рaзочарување од власта која не покажа доволно политички капацитет да менаџира со процесот на излегување од кризата, односно со воведување на Македонија во изборен процес и на тој начин овозможи и припадниците на меѓународната заедница повторно да се вклучат во внатрешно македонските политички прашања за кои, како што смета тој, воопшто не треба да се мешаат. Власта покажа политичка незрезост да менаџира одреден политички дијалог во државата од една страна и покажа дека не е способна да издејствува консензус на политичките партии кога станува збор за датумот за изборите. Тоа е сериозен недостаток на лидерството на СДСМ кој длабоко ги направи пукнатините во она што се нарекува нивна позиција и ќе ги чини неверојатен изборен пораз.

Оваа победа на изборите конечно ќе го одбележи достојното влегување на Србите во власта на Република Македонија, сега и засекогаш, пишува тој.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This