(Видео) Изборот на Мандиќ е уште еден обид на Заев да амнecтира можен kpиминал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За да просперираш во СДСМ мора да имаш прашина дека си замешан во некаков криминоген скандал. Или дека си го бранел криминалот на партијата, било на централно или на локално ниво, изјави портпаролто на ВМРО-ДПМНЕ, наум Стоилковски во денешниот коментар на денот.

Љупчо Путерот, Венко Филипче, Мила Царовска… Веројатно тука место ќе најдеше и Драги Рашковски, да минеше она јавно помилување на Заев за Рашковски . Но затоа Заев во новиот надзорен орган на партијата, најде друг соодветен кадар и таму ја смести Викторија Аврамовска Мандиќ, десната рака на Петре Шилегов ви Град Скопје, додава Стоилковски.

Тој посочи дека Мандиќ е главната маша на Петре Шилегов за набавките на град Скопје. Мандиќ е генералниот секретар на Град Скопје, којашто својата популарност ја стекна по набавките за кои што ВМРО-ДПМНЕ приложи поднесок до ЈО за злоупотреба на службена должност и овластување, несовесно работење во служба и корупција и судир на интереси, а во врска со половина милион евра разлика во тендерот за таканаречената противпожарна скала.

Мандиќ се прослави по информациите во јавноста за тендерите и набавките на семејна фирма, односно на фирма на нејзиниот зет од сестра, фирма која што има најмалку 12 договори со Град Скопје и градските јавни претпријатија, каде секретар е Мандиќ, за над 300.000 евра.

Заев во СДСМ се обиколи со лица кои што имаат тежок багаж во јавноста. СДСМ се повеќе од партија на власт се претвора во партија на мафијата. Изборот на Мандиќ во СДСМ е уште еден обид на Зоран Заев да амнестира можен криминал за кој што има поднесок до ЈО.

Со ваков избор на вакви луѓе, се појасно е дека на чело на државата не е политичка партија туку политички огранок на мафијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This