April 28, 2024, 10:46 am

Русија најави caнкции за Фејсбук и ЈуТјуб доколку продолжат да објавуваат нeлeгални содржини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската служба за надзор над комуникациите, медиумите и информатичката технологија (Роскомнадзор) може да го забави сообраќајот за платформите на Фејсбук и ЈуТјуб, како што стори со Твитер, доколку не преземат мерки за отстранување на содржината забранета во земјата, рече Роскомнадзор.

„Сега се откриени случаи на објавување нелегални материјали на други интернет платформи, вклучувајќи ги Фејсбук и Јутјуб. Во случај споменатите платформи да не преземат соодветни мерки, слични санкции може да се применат и за нив“, се наведува во соопштението на Роскомнадзор.

Во исто време, министерството објави дека по проверката, одлучило да не го блокира Твитер, но дека забавувањето на сообраќајот на мобилните уреди ќе остане во сила сè додека не ce блокира забранетата содржина.

Во таа насока, управата на Твитер испрати писмо до Роскомнадзор во кое потврди дека целосно ги поддржува акциите на одделот во борбата против социјално опасната содржина и дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за нејзино отстранување, беше додадено во изјава.

Според Роскомнадзор, таа социјална мрежа веќе отстранила 91 процент од материјалите што содржат нелегални информации.

Од Твитер беше побарано да блокира 5.900 материјали со детска порнографија, содржини поврзани со самоубиства и наркотици, повици за учество во неовластени активности, како и екстремистички и други забранети материјали. Според надлежните има 563 објави кои не се отстранети.

Русија го забави Твитер на 10 март поради неуспешното бришење на забранетата содржина. Роскомнадзор се закани дека целосно ќе ја блокира социјалната мрежа доколку администрацијата не започне да го почитува законот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This