(Видео) Изгyбeни генерации: Еве како ќе изгледаат Биологија, Хемија и Физика интегрирани во еден предмет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според новата Концепција за основно образование, која Министерството за образование и наука периодов ја презентира пред родителите на основците од училиштата ширум земјава, во наставниот предмет Природни науки ќе се интегрираат предметите Биологија, Хемија и Физика, објасни советничката од Бирото за развој на образованието, Ивана Мијиќ преку видеообраќање.

Предметот ќе биде застапен и ќе се изучува во текот на сите одделенија во основното образование, започнувајќи од прво заклучно со деветто одделение. Од седмо до деветто одделение пак, во овој предмет ќе се интегрираат содржините и наставните теми од трите научни дисциплини.

Новината со овој концепт е што во третиот развоен период, од седмо до деветто одделение наставните предмети Биологија, Хемија и Физика ќе се интегрираат во единствен предмет Природни науки. Овој предмет ќе биде застапен со два часа неделен фонд од прво до петто одделение. Три часа неделен фонд во шесто одделение. И во периодот од седмо до деветто одделение со по пет часови неделно. Тоа значи дека во наставниот предмет Природни науки ќе бидат развиение во самиот наставен предмет три поодделни модули, појаснува Мијиќ.

Според неа, на овој начин ќе се обезбеди контиуитет во изучувањето на наставните содржини.

Модулот Биологија ќе обработува само наставни теми од областа на биологијата. Во модулот Хемија ќе се изучуваат само наставни теми од областа од хемијата и соодветно во модулот Физика – наставни теми од областа на физиката, вели Мијиќ.

Појаснува дека во текот на целата учебна година трите модула ќе се изучуваат синхронизирано и паралелно.

Освен овие три модула, ќе постои и четврт – т.н. интегриран модул, кој ќе треба да ги спои сите три предмети во еден.

Од друга страна, сѐ уште нема детали за предметот Историја, кој крена најмногу прашина во јавноста, со оглед на чувствителниот период во македонско-бугарските односно и барањата на Бугарија. Во меѓувреме, наставници по историја од повеќе градови во државата во писмо до министерката Мила Царовска велат дека нема да дозволат да се нанесе голема штета на образовниот процес со укинување и девалвирање на предметите.

Новина во концепцијата за основно образование е тоа што наставните предмети биологија, хемија и физика ќе се интегрираат во единствен предмет природни науки со модули за биологија, хемија и физика.Ваквиот начин на изучување на предметот природни науки се применува во многу модерни образовни системи ширум Европа и светот, а наставните програми за овој предмет ќе бидат современи, односно ќе се учи на база на истражување и примена на експерименти во наставата, вели Иванка Мијиќ, советничка од Бирото за развој на образование.

Posted by Мила Царовска on Sunday, December 20, 2020

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This