April 26, 2024, 11:22 pm

(Видео) Интервју со Павле Воскопулос од Виножито: Ќе отвораме приватни училишта во Грција во кои ќе се изучува македонски јазик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние сме граѓани на Грција. И што се однесува до животот на македонското малцинство тука, нема некои поголеми промени во однос на почитувањето на основните малцински и човекови права. Ама нашиот долг кон оваа држава е да гледаме позитивно, да бараме да се применат сите тие основни прогресивни стандарди околу малцинските и основни човекови права. Македонското прашање останува да биде болка за грчката национална идеологија, вели Павле Воскопулос, член на раководството на Виножито, партијата на Македонците во Грција, во интервјуто за јутјуб каналот на здружението на граѓани Нов АСНОМ.

Во однос на примената на Преспанскиот договор Воскопулос вели дека овој договор не се поврзува со македонското малцинство, освен во делот на употребата на македонскиот јазик. „Иако некој очекуваше дека ќе има некакви промени, такво нешто не се случи. Нема промена. Причините за тоа се кризата со корона вирусот, тоа што Преспанскиот договор не навлегува во решавањето на малцинските прашања и третото е националната свест во нашите краишта. Македонија треба да си го земе местото во НАТО и ЕУ. Тоа ќе биде позитивно за секој граѓанин на Македонија. Затоа гледаме позитивно на потпишувањето на Преспанскиот договор затоа што ги отвора овие интеграции“, вели Воскопулос.

Според него позитивно во овој договор е и тоа што од грчка страна е ставен печатот на македонскиот јазик.

„На тој јазик зборуваме и тука. Просечниот Македонец тука, во Грција, беше обесхрабрен во однос на јазичното прашање и сега на тоа се гледа позитивно. Сега веќе не зборуваме на некој идиом, на некаков си словенски јазик, туку и официјално го зборуваме македонскиот јазик и тоа ни ги отвора патиштата и легално да почнеме да го изучуваме тој јазик. Корона кризата нè спречи, но во наредниот период ќе покренеме иницијативи за отворање на приватни училишта за изучување на македонскиот јазик. И во тоа сега, по потпишувањето на Преспанскиот договор, грчката администрација нема да може да нè спречува“.

За Воскопулос, македонското прашање отсекогаш било болка за грчката националанта идологија, на со векови градените националистички идологии да не се почитива другиот.

„Во 1994 година ја основавме Виножито, партијата на Македонците во Грција. И колку и да мислиме дека станува збор за тоталитарна држава, како да сме Евреи во Германија во 1935 гдоина, ова е факт и ние се бориме за основните права. Колку и да тоа жално, така е… Во однос на интересот на младите за оваа наша борба можам да кажам дека асимилацијата е присутна. Од една страна македонската песна, македонскиот јазик се сè поприсутни, но сè помал е и интересот за политичка еманципација. Ако порано прв јазик кај децата Македонци беше македонскиот, денеска е тоа сè поретко“, вели Воскопулос.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This