(Видео) Интepвенирала и полициjaта: Гyжви пред сите вakцинални пунктови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турканици, голем метеж и нервоза кај граѓаните – ваква беше сликата во сите поликлиники во Скопје каде започна вакцинацијата против Ковид без закажани термини. Во скопската поликлиника „Јане Сандански“ поради големи гужви дури интервенирала и полицијата.

Од поликлиниката Букурешт смируваат дека има доволно вакцини за сите, и апелираат дека граѓаните не треба да се однесуваат како да е прв ден од вакцинацијата.

Министерот Филипче рече дека гужвите се веројатно поради тоа што граѓаните сакаат во раните утрински часови да се вакцинираат, најави и можно вклучување на Армијата за да се направи ред за вакцинација.

“Претпоставувам дека граѓаните сакаат да завршат работа порано додека е студено. Не знам дека имало инцидент. Се надевам дека нема да има. Мислам дека е добар систем да продолжиме без закажување за да биде што поголем интересот, пристапот, граѓаните во кој било дел од денот да можат да дојдат и да не бидат вратени и да се вакцинираат. Ќе разговарам со директорите на сите здравствени домови да видиме како да се организира редот. Ние се уште ги користиме ресурсите на Армијата и имаме механизми со кои можеме да направиме таков ред. Ќе видиме денешниот ден како ќе помине па кај треба ќе интервенираме”, потенцираше Филипче.

Граѓаните кои ќе се решат да се вакцинираат немаат право на избор, и ќе бидат боцкани со вакцината, која ја има во моментот во установата. Во опција се Синовак, Фајзер и Астра Зенека за лицата над 60 годишна возраст.

Од денеска почна и теренската вакцинација која ќе се одвива по руралните населени места. Пријавувањето за вакцинација на деца ќе може да се врши на официјалниот сајт до четврток, а потоа ќе се закажуваат термини. Децата ќе се вакцинираат со „Фајзер“. Комитетот за имунизација донел одлука да го скрати рокот за ревакцина со „АстраЗенека“ од 12 на 6 недели.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This