(Видео) ИСПУШТИЛ ЖИВОТНА МОЖНОСТ: Славниот тенисер раскажа како пропуштил да го запознае идолот од своето детство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најдобриот тенисер на светот Новак Џоковиќ раскажа интересна анегдота како ја пропуштил можноста да го запознае идолот од детството, славниот кошаркар Мајкл Џордан.

“Од секогаш сонувам да ги запознаам своите три спортски идоли. Тоа беа Џордан, Сампрас и Томба, бидејќи доаѓам од скијачка фамилија, а и јас сум страствен скијач. И до тој момент немав запознато никој од нив, се сеќавам дека прв беше Сампрас. Знам дека се прашував: Сега што, сега што?! Дали да го прашам да играме? И секако, го прашав и тој прифати. Тоа беше голема работа за мене- вели Новак во интервју за “Вицеспортс”.

“Со Џордан имам интересна анегдота, не го запознав до тогаш, со Томба се имам сретнато неколку пати, беше во Србија, имаме пријателски однос. Никогаш не сум скијал со него, а тоа ми е голема желба. А Џордан? Па, тој беше во Монте Карло каде јас живеам веќе 10 години и се сеќавам дека имав пауза меѓу два тренинзи”, започна Ноле:

“Мојата сопруга појде да се прошета низ градот со нејзината сестра и по извесно време ми се јави на телефон. Мислам, тоа беше пред да станеме родители имавме можност малку да одмориме. Го исклучив звукот од телефонот, малку ги затворив очите, да одморам. Имав пет пропуштени повици. Јас се јавив, се сеќавам како да беше вчера.

Таа ми вели: Џордан е тука, на пет метри од мене. Молам?!
Мајкл Џордан, твoјот идол, тука е пред мене, доаѓај веднаш. Не знам што ми стана но и реков имам тренинг попладне морам да одмарам. По десет минути станав и заминав таму, но Џордан го немаше. Се надевам дека ќе имам можност да го запознаам еден ден”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This