(видео) КАКО СЕ СЛАВЕШЕ 11 ОКТОМВРИ ВО ПРИЛЕП ПРЕД САМО ЕДНА ГОДИНА: Оваа година изостанаа манифестациите да не се налути Бојко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прилеп и Република Македонија вчера празнуваа 77 години од почетокот на Народноослободителната борба и антифашистичкото востание, пренесува порталот Маркукуле/

На 11 Октомври 1941 година, македонскиот народ неможејќи да го издржи теророт на бугарската фашистичка управа, ја започнал својата борба за самобитност и самостојност.

Oваа година на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп изостанаа дел од традиционалните манифестации.

Државното знаме кое повеќе години го формираа учениците од основните училишта, оваа година беше заборавено, а заборавена беше и изложбата на автомобилски олд тајмери, како и изложбата на воена техника од АРМ.

Иако прославата беше громогласно најавена, особено поради присуството на премиерот Зоран Заев и заедничката прослава на Куманово и Прилеп, надлежните ги заборавија настаните кои изминатите години предизвикуваа најголемо внимание кај граѓаните.

Еве како изгледаа овие настани минатата година:

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ БЛЕСНА ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП

Posted by Марјан Ристески on Tuesday, October 10, 2017

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This