(Видео) КАРАКАЧАНОВ ГО НOKAУТИРАШЕ ЗАЕВ: Нема датум за преговори, ако не се откажете од историјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за одбрана на Република Бугарија во своето вчерашно интервју за  македонската телевијза „Стар“ го нокаутираше Зоран Заев и Владата на СДСМ, потврдувајќи ги позициите на Бугарија во однос на влезот на Македонија во ЕУ.

Со други зборови, Каракачанов им порача на Македонците да заборават на Европската Унија се додека не се откажат од сопствената историја во полза на Бугарија.

-Напротив Бугарија вели „Да ние сме согласни да има преговори меѓу ЕУ и Македонија“, но датумот за почеток на преговорите ќе зависи од тоа кога ќе се договориме за историјата, вели Каракачанов.

Основата за бугарските уцени е штетниот договор кој Владата на Заев го потпиша со соседна Бугарија, договор во кој се обрза да ја ревидира македонската историја и историските учебници преку заедничката комисија за историја.

Македонија се наоѓа во предизборие па токму поради оваа причина се запрени уште одамна преговорите помеѓу македонска и бугарска страна, а и самите членови на комисијата во неколку наврати посочуваа дека изборите во Македонија се причината што не се преговара за историјата. На овој начин Бугарија сака да го заштити својот миленик Заев од загубата на политички поени и гласови, поради откажувањето на македонската држава од сопствената историја.

Во јавноста се погласно се говори претседателот на СДСМ веќе почнал да моли по амбасадите да му се обезбеди уште еден мандат во кој ќе „спроведе се“. Имено во циркуларно депеше испратено до повеќе странски амбасади Зоран Заев објаснува како „ сите обврски што ги презел со Договорот за добрососедство со Бугарија и со Преспанскиот договор со Грција ќе ги реализира во целост штом ќе биде во можност да формира влада предводена од СДСМ“.

Бугарија е национално заинтересирана за победата на Зоран Заев и социјалдемократите во Македонија. Ова го изјави претседателот на Партијата на европските социјалисти Сергеј Станишев во „Недела 150“ на БНР за позицијата на оската Софија-Скопје, неодамна.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This