(видео) КОМПАРАЦИЈА ЗАЕВ НА ВЛАСТ, ЗОРАН ВО ОПОЗИЦИЈА: Што говореше Зоран Заев за непотизмот во власта, пред да седне на премиерската фотелја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев за вработувањата на роднините на функционерите го смени мислењето. Пред една недела тој повика на морална одговорност, најави дека ќе се прават анализи дали имало партиски протекции при вработувањето на роднините на функционерите од СДСМ и ДУИ, но сега го омекна ставот. Тој сега вели дека и роднините на функционерите биле граѓани на оваа држава и имале право на еднаков пристап до вработување, пренесува Макфакс.

„Мора да бидеме чесни кон граѓаните и да ги слушаме сите реакции, но да не претеруваме. Сите граѓани во оваа држава имаат право на работен однос во неа. Ако стане презаситено и прегорко чувството, да закочиме и да се коригираме. Но, тоа не значи дека членовите на семејствата на функционерите да не бараат работа. Тоа треба да биде по пат на транспарентност и компетитивност“, изјави Заев.

Пред да дојде на власт главниот адут на СДСМ беше крај на партиските вработувања. Тој ветуваше дека граѓаните ќе се вработуваат по стручност, а не по партиски клуч.

„Едноставно е. Главен критериум за вработување нема да биде партиската книшка, туку стручноста и работното искуство. Ова е една од мерките со која ќе се обидеме да ги вратиме
заминатите граѓани од Македонија и да спречиме натамошни заминувања. Останавме земја без луѓе! Мора нешто да се смени. Нашата цел е државата и институциите да ги вратиме во владение на граѓаните“, изјави Заев во 2016 година.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This