(Видео) Коцарев yдpи по бесмислените бугарски бapaња: Македонскиот идентитет нema бугарски кopeња

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија се соочува со непринципиелни закани и уцени од бугарска страна и бесмислено барање дека македонскиот идентитет почива на бугарски корени, оцени првиот човек на МАНУ, Коцарев.

Политичарите од Македонија и Бугарија да бидат свесни дека геополитичките игри во некои можни сценарија можат да предизвикаат штетни последици за двете земји, порача првиот човек на МАНУ Љупчо Коцарев на денешниот научен собир посветен на животот и делото на Крсте П. Мисирков. Зборувајќи за актуелните односи на релација Скопје – Софија и преговорите кои се водат за надминување на историските разлики, Коцарев рече оти се надева дека нема да дојде до отстапки од македонска страна.

За жал денес сме соочени со непринципиелни уцени и закани и ненаучни аргументи, бесмислено барање дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик имаат бугарски корени. Апсурдно барање својата национална генеза Македонија да ја дефинира онака како што тоа го бара една соседна земја.

И дел од останатите академици, предизвиците со кои се соочил Мисирков ги споредија со денешните случувања повторно упатувајќи остри критики на преговорите со официјална Софија.

Изложеноста на Македонија на повеќедецениски ултиматуми во процесот на евроинтеграцијата поради идентитетските спорови е доказ за виталноста на хегемонизмот и за комплементарноста на балканските културни и политички претензии.

По 75 години државност на Македонија, се повампирија старите апетити на некои наши соседи, се отворија нови прашања и стари рани. Се копа и рие по она што ни е најсвето. Сведоци сме дека се прават некакви договори зад грбот на македонскиот народ.

Но и покрај цврстиот став на дел од академиците на МАНУ, омекнатиот став на бугарска страна и оптимизмот на македонска, мешовитата комисија се најде во методолошки ќорсокак откако на последната средба како што соопшти историчарот и претседавач од македонска страна Драги Ѓорѓиев, колегите од Софија имале тенденција да го наметнат бугарскиот наратив околу револуционерот Гоце Делчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This