(Видео) Краток документарец целосно го ypна концептот на Царовска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Краток документарец со наслов “Концептуалисти без концепт” кој се појави на нов профил на социјалната мрежа Јутјуб денеска дава прилично конфузна перспектива на тоа што се планира во новата образовна концепција која ја турка власта со помош на неколку професори.

Во интересниот филм направен со помош на аматерски софтвер, преку монтажа на делови од изјави, интервјуа, дебати и други искази на министерката за образование Мила Царовска и членови на нејзиниот тим за реформи целосно ја уништува научната и академска позиција на тие што сакаат меѓу другото да го укинат и предметот историја.

Од документарецот долг околу 8 минути се гледа недоследноста, некинзистентноста, неподготвеноста на голем дел од тие што учествуваат во новиот концепт на основното образование.

На моменти збунувачки, на моменти смешен, на моменти трагичен краткиот филм покажува дека и дел од тие што се залагаат за промените не знаат како точно ќе изгледа реформата и топката ја префрлаат на наставниците и Бирото за развој на образованието.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This