(Видео) КРАЈ НА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО: За лекарите неприфатлив е концептот за јавно-приватно партнерство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со затворање на државна на сметка на приватна болница се означува почетокот на крајот на јавното здравтсво. Ваква порака упати Синдикатот на Клинички во однос на најавата на премиерот Заев за клуч на врата за државните клинички што нема да бидат доволно конкурентни со приватните.

-Секој кој ќе доведе до затворање на Универзитетска клиника на сметка на приватна здравствена установа треба да е свесен дека неповратно го започнува процесот на yништyвање на јавното здравство со сите несакани последици по пациентите и граѓаните, велат од Синдикатот на Клинички центар.

За лекарите неприфатлив е концептот за јавно-приватно партнерство. Од Синдикатот велат дека наместо реализација на ветеното, здравствените власти ги менуваат плановите. Засега нејасно е каква судбина власта крои за здравствениот систем, велат од Синдикатот.

Алфа побара став за најавата на премиерот за промена на здравствениот систем и затворање на државни болници. Од таму коментар за ова не добивме, но потврдија дека истото би можело да се реализира преку „јавно-приватно партнерство“.

Во однос на реакциите од Синидикатот, од Здравство велат дека не станувало збор за затворање на универзитетските клиники, туку за унапредување на условите за работа.
-Сѐ што прави Министерството за здравство е во насока на зајакнување на јавното здравство и негово издигнување на повисок степен. Пациентот треба да има избор каде ќе се лекува и според неговите потреби ќе има можност да избере што е најдобро за него. Нема да правиме отстапки на нашиот пат за да го овозможиме најдоброто за здравствените осигуреници, стои во соопштението од Министерството.

Во меѓувреме, по нарачка на министерството се прават куп физибилити студии за јавно-приватно партнерство за ПЕТ-центарот, за ин витро фертилизација и Брзата помош. Изработена е и студија централизирано управување со стерилизацијата од страна на приватна фирма. Резултатите од истата здравтсвените власти се уште не ги споделија со јавноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This