(Видео) Лyѓeтo штo бea нaпaдати вo oпштина Ново Село, беа и тopмoзeни нa лицe мecтo oд пoлициjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во моментов се наоѓам во општина Ново Село во близина на Струмица, каде што доцна вечерва имаше еден посериозен инцидент, во кој што припадници на една политичка партија, веројатно од власта, нападнаа граѓани на Ново Село, веројатно во некоја параноја дека некој ги следи или слично. Луѓето кои што беа нападнати, беа и тормозени на лице место каде што се случи нападот од полицијата.

Со мене е еден од нападнатите. Човекот појма нема зошто бил нападнат, зошто сакале да му го земат телефонот, личните документи. Инаку нападнатиот е веќе избран советник во општина Ново Село.

„Настанот се случи непосредно од општинската зграда во општина Ново Село. Исто така дојдоа на местото каде што стоевме таму. Пристапија со провокации и настана расправија. Во еден момент дојдоа лица кои што не се од општина Ново Село, и прво се обидоа да ми го одземат телефонот бидејќи го имав во раката, најверојатно мислејќи дека снимам. Јас се обидов да се заштитам себеси и исто така ташната која што ја држев ми беше одземена за да го напупштам местото на настанот. Отидов до најблиското место каде што имам пријатели да го оставам телефонот и потоа се вратив да ја соберам ташната, само за да видам дека таа ташна заврши во штабот на една политичка партија, штаб што работел дури и кога е изборен молк. Ташната потоа ми беше вратена од страна на еден од активистите“.

Тоа е почитувани гледачи, ова што се случува секаде на терен низ цела Република Македонија денес во изборен молк на еден ден пред вториот круг на локалните избори во оние општини каде што има втор круг за избор на градоначалник. Претходно видовте што се случуваше во Кочани, во Битола, за време на првиот изборен круг и во Прилеп, и во Велес, Гевгелија, Охрид, и во Скопје… на територија на цела Република Македонија, ова е реалноста со која што се соочуваат граѓаните. Ако одбиваат да гласаат за една политичка партија која што да агитира и вечерва за време нз изборен молк, тогаш граѓаните се малтретирани, се под притисоци, под уцени, под закани, им се внесува страв во коски, но, тоа не треба да ве плаши вас, напротив, треба да има што поголема излезност и вашето незадоволство од ваквите настани знаете како треба да го канализирате.

Во меѓувреме сакам да ја поздравам и полициската екипа што се наоѓа пред редакцијата на Инфомакс во Скопје и која што ја наљудува нашата редакција. Тргнуваме од Ново Село кон Скопје, па ќе се видиме и таму со таа полициска екипа во еден бел „Ленд Ровер“ која што седи и гледа и се обидува нешто да направи. За околу час и половина ние сме во Скопје па се гледаме таму со полициската екипа од Скопје, да видиме што бараат пред редакцијата на Инфомакс.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This