(Видео) Мемети: Ни ја навpeдувате интелигенцијата, знaeме дека членовите на семејствата се грижеле за пaциeнтите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Репортерката на Дојче Веле, Арбнора Мемети со жестока критика за координаторот на Ковид центарот во Тетово, Гзим Нуредини кои на новинарско прашање негираше дека членови на семејствата се грижеле за пaциeнти сместени во модуларната болница во Тетово.

Таа истакна дека прилогот на Дојче Веле кој лично таа го снимала укажува на фактот дека во модуларната болница неретко се наоѓале членови на семејството на пациентите.

-Координаторот на ковид центарот во Тетово, Гзим Нуредини, обидувајќи се да ја префрли одговорноста на друго место, само покажа колку неодговорно ја извршиле работата за која беа назначени.

Нуредин дава збунет одговор, на новинарско прашање дали имало членови на семејствата во ковид центарот. Тој вели дека имал две или три лица кои случајно се погодиле во близина на објектот.

Тој се обидува да манипулира со интелигенцијата на сите, дури и мојата, знаејќи дека пред шест дена преку ДВ на Македонски алармиравме дека во овој центар членовите на семејствата се грижат за пациентите и дека цивили се шетаат слободно во секое време. За оваа репортажа господинот се јави во 100 места за да побара да ја тргнеме.

Бидејќи Нуредин и другите службеници знаат само колку пациенти имале, а не колку цивили имало внатре, ова зборува многу за нивата одговорност.

Кажете му на г -дин Гзим, дека вчера една млада девојка која претходно отишла да се грижи за нејзината мајка, изгори со неа во истиот кревет, додека една друга жена која исто така отишла за нејзиниот маж, истиот го спасил од пожарот, и моментално се двајцата хоспитализирани, пишува на Фејсбук Мемети.

Прилогот на изработен од Мемети за Дојче Веле можете да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This