(Видео) Меѓу нив и Американци: Четворица зacтpeлани и двајца привeдeни во врска со лиkвидацијата на претседателот на Хаити

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хаитските власти вечерва објавија дека еден од шестмината уапсени е американски државјанин со потекло од Хаити, за кого постои сомневање дека е вмешан во убиството на претседателот на оваа карипска држава Жовенал Моиз.

Ден откако вооружени лица го убија претседателот на Хаити, во резиденцијата, националната полиција на Хаити при апсењето засрела четири лица, а двајца беа повредени и задржани во притвор

Џејмс Солажс, американски државјанин, е еден од уапсените, а се верува дека барем уште еден уапсен е Американец, изјави за „Вашингтон пост“ Матијас Пјер, министерот за избори и меѓупартиски односи во Хаити.

Говорејќи на прес-конференција, специјалната претставничка на Обединетите нации за Хаити, Хелен ла Лим, рече дека се познати малку факти за нападот врз куќата на Моиз.

„Направени се бројни апсења, бидејќи полицијата работи многу напорно за да го уапси командосот кој влезе во базата, го уби претседателот и ја нападна првата дама“, рече таа. „Она што досега го имаме е дека во последните 12 часа, четворица членови на групата што упаднаа во претседателската резиденција беа убиени од полицијата, додека уште двајца се во полициски притвор“, додаде таа.
Според зборовите на министерот за избори и меѓупартиски односи, Матијас Пјер, еден од уапсените мажи е американски државјанин по име Xејмс Солаж. Пјер за „Вашингтон пост“ изјави дека верува дека уште еден осомничен е исто така Хаити, но тој не даде детали. Министерот за комуникации Прадел Хенрикез ги опиша другите осомничени како „странци“, но имињата не беа објавени.

Видеото од групата што се собира пред куќата на Моиз непосредно пред нападот покажува како тие тврдат дека агентите на Американската агенција за борба против наркотици (ДЕА), американската сојузна полициска агенција, се во очигледен обид да ја разоружат безбедностната служба на Моиз. Хаитискиот амбасадор во Соединетите држави го отфрли мислењето дека можело да бидат агенти на ДЕА.

Претходно денес стотици Хаиќани извикуваа пред полициската станица во Порт-о-Пренс, каде што беа осомничените за убиството, извикувајќи „изгори ги“, објави Ројтерс.

Тие запалиле возило за кое претпоставиле дека е возило на атентаторот. Претседателот Моиз (53) синоќа беше убиен од непознати напаѓачи во неговата приватна резиденција, а неговата сопруга Мартин Мари Етјен Жозеф, која исто така беше ранета во нападот, е во критична состојба и е пренесена во болница во Мајами.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This