(Видео) МИЗЕРИЈА: Мечето Теди во ужacни услови во штипската зоолошка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе остане ли мечето Теди во штипскиот зоо парк или ќе мора да биде вратен во скопската зоолошка градина, објавува Сител.

Теди беше донесен пред 2 години и е вистинска атракција за посетителите во единствената зоолошка градина на истокот. Сепак долго време мечето живееше во субстандардни услови, односно, во малечок кафез, во кој му беше лимитирано движењето.

– За мечето создадовме некои подобри услови што го зголемивме кафезот- изјави ЖИВКО ТАСЕВ, ДИРЕКТОР НА ЈП ИСАР

Зоо паркот во Штип го менаџира јавното комунално претпријатие кои се во преговори за згрижување на Теди во зоолошката во Скопје, но се уште се чека на одговор, каде мечето ќе го продолжи својот живот и во какви услови.

– Ако не дојде до преселување на мечето, ќе мора да направиме уште еден кафез, да го зголемиме просторот, за да може мечето Теди да има подобро живеалиште-додаде Тасев

Од пред една недела зоо паркот има и привремени посетители, два штркa кои се повpeдени во пожap. На едниот му е сkpшена ногата, па ветеринарите му ја cанираа повpeдата. Другиот е во подобра здравствена кондиција и сигурно заминува на југ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This