(Видео) Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ пoчнyвa co coбиpaњe нa гpaѓaнcки пoтпиcи зa фep пoпиc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Станува јасно дека власта предводена од Заев наместо статистичка во пописот гледа политичка операција која што е коалиционен договор и е надвор од стандардите на Европската Унија.

Власта го политизира пописот по два основи. Прво самите претставници на власта почнаа со лицитирање  на проценти кој и колкав процент треба да биде за пописот да биде признаен или непризнаен и второ власта видовме дека по директива на Заев ја одби и граѓанската иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за собирање на потписи за поништување на овој неевропски Закон за попис. Со тоа власта на Заев покажува дека се плашат од граѓански потписи бидејќи Заев и неговите министри се многу свесни  дека големото мнозинство на граѓани во Македонија се сомнева дека овој попис ќе биде политички фалсификат наместо да биде веродостојна статистика. Во спротивно ќе прифатеа граѓаните на регуларен начин преку Министерството за правда да ги соберат потписите за спротивставување на ваквиот закон.

Но, она што можам да го истакнам денес е дека ВМРО-ДПМНЕ и покрај ваквите институционални пречки ќе ја започне иницијативата на собирање на потписи од сите граѓани, една натпартиска иницијатива каде што ќе може да се потпише секој оној граѓанин кој што се залага за фер, европски и веродостоен попис во Македонија и да се потпише секој граѓанин кој што е против ваков политички попис кој што води кон фалсификат.

Дополнително кога ќе дојде време за тоа ќе ги соопштиме и пунктовите и местата каде што секој граѓанин  ќе може да го даде својот потпис и тие потписи заедно со иницијативата на пратениците ќе значат една сериозна, легитимна би рекол операција, проект кој што ќе биде доставен до Собранието со сериозна граѓанска тежина преку која што ќе се утврди дека власта има сериозна опозиција кај самите граѓани кои што не и веруваат на власта дека е спремна да спроведе статистички и европски попис.

Прашање: Како ќе постапувате понатаму во врска со Иницијативата за поништување на Законот за попис?

Одговор: Прво би сакал да кажам дека изговорите на власта за некаков формален пропуст на иницијативата се правно неосновани бидејќи важна е содржината на иницијативата. Содржината на иницијативата е да е соберат потписи на граѓани кои се против попис кој значи политички фалсификат, се е друго само изговор затоа ВМРО-ДПМНЕ оваа иницијатива ќе ја продолжи на два начини. Еден начин легален начин на предлагање на закон преку пратеници и легитимен начин на поткрепување на тој закон преку многу потписи од граѓани кои се носители на суверенитетот во државата и сметам дека законодавниот дом како претставнички дом на граѓаните нема да има право да одбие било кој потпис на граѓанин кој ќе дојде во поддршка на закон за европски попис.

Прашање: Иницијативниот одбор за вонреден конгрес објави дека собрале потписи од делегатите за конгрес на 28 март. Како ја коментирате оваа информација и каков ќе биде одговорот на партијата дали доколку се одржи раководството ќе ги прифати одлуките на тој конгрес?

Одговор: По однос на иницијативата за вонреден конгрес на група на луѓе кои подолго време имаат одредена дистанца од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, нашиот коментар е следен, оваа иницијатива не е статутарна, ниту е правна, ова е политичка иницијатива на група на луѓе кои имаат за цел да му помогнат на Заев да му фрлат гума за спасување и да го одвлечат вниманието. Во моменти кога државата е хибриден режим, најкорумпирана држава во Европа, нула вакцини, 3 илјади жртви, 55 илјади нови невработени и многу затворени фирми оваа иницијативна група се обидува тоа да го релативизира и Заев кој што во моментот во самото Собрание е на стаклени нозе со своето мнозинство да може да ја дефокусира јавноста да се занимава со споредни теми во опозицијата. Затоа сакам да напоменам дека ваквата иницијатива правно гледано е не статутарна политички гледано е координирана со Заев на кого што му е очајно потребен дефокус од лошите политики чија што цена ја плаќаат граѓаните со овој економски и здравствен колапс. На крајот на краиштата бидејќи и самиот месец март е најавен од самите иницијатори би било добро овие иницијатори заедно со Заев кој што најави исто така конгрес на СДСМ да одржат сплотени со Заев еден заеднички конгрес ако веќе одработуваат за Заев нека биде тоа на еден економичен начин на исто место и со иста цел. И само да додадам исто дополнително за ова иницијатива тоа би сакал да кажам во ВМРО-ДПМНЕ воопшто не сме изненадени од ваквиот чекор, овој чекор веќе беше најавуван долго време политички е координиран со Заев но истиот сметаме дека статутарно е неоснован а политички може до одредена мерка да му  послужи на Заев но нема да го спаси од реалните проблеми на корупција и хибриден режим во кој што ја доведе државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This