Од 8-ми септември потврдија дека се работи за самоубиство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пациентот А.Ц. (70), хоспитализиран на Интензивна нега, во тешка состојба, и под психијатриска контрола и обсервација, и покрај сите превземени мерки, во утринските часови скокнал од прозорец од првиот кат. И покрај превземените реанимациони постапки од страна на дежурна екипа, во 7.30 часот е констатирана смрт. Известени се сите надлежни институции, министерството за здравство, МВР и ДЗСИ кој во моментов врши вонреден испекциски надзор“

Седумдесет годишен скопјанец заболен од Ковид-19 и хоспитализиран во „8 ми Септември“ утрово си го одзеде животот скокајќи од прозорец од првиот кат од болницата. Тој бил хоспитализиран минатата недела, имал психички проблеми и бил под посебен надзор од тим на психијатри во болницата.

Трагичниот настан се случил утрово непосредно по визитата во одделението.

Пациентот кој бил заболен од коронавирус бил хоспитализиран на почетокот на минатата недела на одделението за пулмологија каде престојувал петти ден. Неговата состојба се влошила, сатурацијата почнала нагло да паѓа и затоа бил преместен на интензивна нега.

Лекарите знаеле дека станува збор за пациент со нарушено психичко здравје и затоа на дневна база со него работел психијатар кој му препишал седативи а во неговото досие има пет психијатски извештаи откако бил примен во „8 ми Септември.

Пациентот бил во специјален кревет со т.н. безбедносна рамка а собата ја делел со уште еден пациент кој бил приклучен на респиратор и не бил во свесна состојба. Утрово тој бил посетен од лекарскиот тим за време на утринската визита и дека во тој момент спиел. Меѓутоа како успеал да ја отвори рамката допрвин ќе се утврдува најверојатно во истрагата. Тој станал од креветот и си  го одзел животот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This