(Видео) Милошоски: Нашата порака е ocтавка за Заев, cлобода за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Добра вечер најпрво на сите присутни велешани и да ви се заблагодарам за оваа поддршка. Заев не успеа да донесе инвестиции, не успеа да го подобри здравството, не успеа да го заштити достоинството на државата, не успеа да направи подобар живот што го нудеше. Успеа во две работи да направи многу предавста и успеа да да ги обедини граѓаните на Македонија против Заеви, порача пратеникот Антонио Милошоски од Велес.

-Затоа нашата порака е оставка за Заев, слобода за Македонија. Сметаме дека ова парола ја поддржуваат многу граѓани без разлика политички каде припаѓаат, без разлика национално каде припаѓаат или кој им е мајчиниот јазик. Многу граѓани стануваат секој ден посвесни дека со Заев нивниот живот станува потежок. Животот во Македонија станува потежок, понижувањата за Македонија за жал стануваат поголеми и затоа сметаме дека Македонија може да го направи првиот чекор напред и во еконосмка и во здравствена и во национална и во инвестициска смисла и во секоја друга кога Заев ќе падне од власт, истакна Милошоски.

И затоа нашата порака е време Заев да си даде оставка за државата да може да исчекори напред без разлика кој и каде политички припаѓа. Треба да се обединиме против еден човек којшто е прилично неурамнотежен и како личност и како политичар и да ја зачуваме Македонија и како држава и да овозможиме да се
движи напред, додаде тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This