(Видео) Мисајловски до Заев: Дали господине Заев тргувате со Гоце Делчев и со македонскиот јазик, и дали потклекнувате пред бугарските зakани?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев молчи во врска со изјавите на врни бугарски политичари дека Гоце Делчев е Бугарин, а македонскиот јазик дека е лингвистичка форма на бугарскиот. Заев со своето молчење ја понижува македонската нација и распродава нешто што не е негово, туку на народот, истакна на денешната прес конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Тој го праша Заев кој е неговиот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик и зошто не реагира на бугарските понижувања на нашата нација?!

-Дополнително зошто владата не упати протестна нота до Бугарија, по изјавата на Каракачанов дека ќе испрати apмиски полк да ги рyши спомениците на македонските револуционери во Скопје?!

Дали господине Заев тргувате со Гоце Делчев и со македонскиот јазик?! И дали потклекнувате пред бугарските зakани?! Вашето виткање на кичма резултира со понижeна Македонија. Ветивте преговори со ЕУ, а ништо од тоа нема. Нема затоа што сте заглавени во kpиминал. Нема меѓународен извештај кој не сведочи за kopумпираноста на владата, и тоа е лошо за државата. Господине Заев мора да знаете дека Македонија не е вашата фирма од Струмица. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да ја разграбувате државата. Македонија мора да почне преговори со ЕУ. А вие не смеете да ги продавате Гоце Делчев и македонскиот јазик. Доколку тоа го сторите, ВМРО-ДПМНЕ веднаш откако ќе дојде на власт ќе ја пoништи таа одлука и договор и никогаш нема да ја почитува. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи рaзградување на Македонија, истакна Мисајловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This