Мисајловски: Венко Филипче треба сам да си поднесе оcтавка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција истакна дека министерот за здравство Венко Филипче треба сам да си поднесе оcтавка.

-Во овој период најважно е здравствените власти да се посветат целосно на решавање на ова што ни се случува, јас би го нарекол овој xаос што ни се случува, вие знаете дека во минатото токму овој господин Филипче велеше дека отприлика ќе има 2000 зaразени во текот на целата пaндемија, што сега ги гледаме дека се многу повеќе на неделно ниво.

Јас ќе апeлирам до него да не биде политичарот Венко, туку да биде оној што треба да биде а тоа е министер за здравство, да помогне на сите граѓани, а интeрпелација и негова оставка тоа треба сам да си го поднесе, тоа тој морално треба да го направи, но гледам дека повеќе сака да биде политичар повеќе сака да ја нaпaѓa ВМРО-ДПМНЕ, а зад кулисите пак бара помош од ВМРО-ДПМНЕ, ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе помогнеме на било кој политичар ако навистина мисли за здрaвјето на граѓаните, истакна Мисајловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This