(Видео) Митовски до Османи: Ќе бидеме ли Бугари пред 45-та?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската јавноста се уште не може да се опорави од шокот кој го предизвика изјавата државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш.

Закиријаш изрази огромна доза на разбирање за Бугарија скандалозно изјавувајќи дека „северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик“.

-Навистина е тешка дебатата, особено за Бугарија, поврзано е со историјата, културниот идентитет, идентитетот на двете земји и соработката во иднина. Сега, тие работат на еден вид на патоказ кој ќе овозможи да продолжат со работа и Бугарија да добие гаранции дека кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ работите ќе се одвиваат непречено. Северна Македонија имаше и тешки преговори со Грција, паметите дека го променија името на својата земја и навистина е тешко, бидејќи е поврзано и со Бугарија во однос на културата и јазикот. Очигледно е поврзано со тоа дека северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик и со културните димензии на двете земји, изјави таа.

Токму ваквата изјава произведе сериозни сомнежи во македонската јавност што впрочем содржи португалскиот предлог и за што преговара македонската Влада со Бугарија.

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски побара прецизен одоговор, без интерпретација од министерот за надворешни работи Бујар Османи кои се македонските црвени линии, дали Македонија ќе прифати дека пред 45-та година не постоел македонски јазик и дека истиот произлегува од бугарскиот. Митовски праша и дали при посетата на Софија премиерот Зоран Заев доставил некаков документ до бугарската Влада со предлог решение на спорот и што содржи истиот.

-Eдно прашање имам и ќе ве молам за јасен и прецизен одговор, без интерпретирање бидејќи се уште немаме слушнато од македонската страна кои се конкретните црвени линии на македонската страна во однос на прашањето со Бугарија. Дали тоа е јазикот од 45-та наваму, кодифицикацијата, како што вели Бугарија или тоа е македонскиот јазик каков што постои пред кодификацијата бидејќи тоа е многу важно прашање. И второто прашање ми е, од кабинетот на претседателот на Бугарија Радев рекоа дека сте доставиле и писмен предлог во Софија, тука Владата го негираше вие го негиравте, сега кој е во право господинот Радев, Вие и доколку Радев е во право кој е писмениот предлог, запраша Митовски.

Османи не успеа да даде искрен одговор на прашањето на Инфомакс, токму напротив неговиот одговор беше завиен во дипломатски речник и пред се празни флосклули како онаа дека за идентитетот не се преговара иако суштината на спорот со Бугарија е проблемот на нашиот источен сосед да се соочи со реалноста и постоењето на македонски народ, јазик кој е засебен од бугарскиот.

-Значи прво ние дијалогот со Република Бугарија нема да го правиме преку медиумите. Нашите позиции по однос на прашањата за кои што разговараме и не прашањата за кои не разговараме сме ги претставиле пред јавноста во многу наврати и фактот дека на последниот документ кој го добив од министерот за надворешни работи од Буарија се третираат само прашања за кои сме разговарале и можеме да разговараме укажува дека тоа е така. Меѓутоа ние ќе продолжиме да комуницираме преку дипломатски канали и директно преку министерството во однос на враќање на довербата и изнаоѓање на решенија како да го надминеме ова прашање, меѓутоа објаснив претходно за кои прашања ги третира португалското претседателство, кои прашања ги третира патоказот и во овој дел нема што да додадам. Во Софија беа разменети идеи по однос на содржината на патоказот, потврдувам дека точките кои во јавноста се споделуваат се елаборираат се тие кои ги разговараме за патоказот, но не разговараме билатерално за идентитетските атрибути бидејќи тие не се прашања кои се предмет на билатерални спорови, вели Османи.

„Бугарија да изјави дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година и дека јазикот во сите идни документи треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава, а од друга страна Македонија да изјави дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година„ – ова како решение за јазичниот спор го предвидува португалскиот предлог до кој дојде Канал 5 со што дефакто Македонија се откажува од идејата дека македонски јазик постоел пред 45-та година.

Според документот, поделен во 4 анекси, се предвидува вакви посебни унилатерални декларации да бидат дадени од Бугарија и Македонија на почетокот на првата меѓувладина конференција, а со нив како што стои во документот – не се нарушуваат црвените линии и се овозможува продолжување на евроинтегративниот процес.

Според португалскиот предлог, откако Македонија и Бугарија ќе ги достават декларациите, и Европскиот совет ќе излезе со своја декларација во која во третата точка се наведува дека Советот ја забележува позицијата на Бугарија дека терминот „Македонски јазик“ треба да биде сметан во согласност со уставот на земјава.

Прашањето Митовски го поставува на 20:15 од видеото.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This