(Видео) МИЦКОСКИ ДО ГРАЃАНИТЕ: Купувајте македонски производи, спaceте работно место

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку свое водео обраќање на граѓаните на Македонија им порача да купуваат македонски производи и да спасат работно место.

Драги пријатели

Ова е време на вистинска здравствена, санитарна но и економска криза.
Корона вирусот не само што го напаѓа здравјето на граѓаните, туку ја разорува и економијата, а тука се работи за стандардот на граѓаните и квалитетот на животот.

Компаниите кои се најдиректно изложени на штетните последици од пандемијата губат по 110 милиони евра месечно. 70 проценти од овие компании се мали со од еден до 9 вработени. Тие се првите на удар.
Во отсуство на брза реакција на властите, секој од вас може да помогне. Се прашувате како???

Купувајте македонски производи и спасете работно место. Секој човек во економскиот свет е потрошувач, трошете паметно и купувајте производи произведени во Македонија за да и помогнете на економијата, а највеќе да помогнеме да се сочуваат работните места, а така си помагаме себеси.

Купувајте македонски производи, затоа што така ја правиме државата подобра и затоа што ја сакаме Македонија!, истакна Христијан Мицкоски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This