(Видео) МИЦКОСКИ ЗА БOMБАТА: Заев призна дека ја злoyпотребил должноста и диктиpaл пpecyди на Врховен cyд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Престседателот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција истакна дека Зоран Заев ја призна автентичноста на снимката на која што Заев признава дека ја злoyпотребил својата службена должноста и диктиpaл пpecyди на Врховен cyд.

-Тој ја призна автентичноста на аудио материјалот објавено во јавноста. И да не навлегуваме во онаа смешна и недоветна одбрана на Заев во врска со аудио материјалот за кој тој тврди дека всушност може да се чуе дека бил за тоа да се спасат случаите на СЈО, нешто што никаде не го слушнавме и не го видовме.

Тоа му е само фраза за оправдување пред јавноста и во изјавите пред медиумите, затоа што никој не верува дека пред 8-мината пратеници Заев би говорел и би ги убедувал колку е добро тие да одговараат за случаите кои еве гледаме полека ги снемува.

Суштински аудио материјалот за мафијата покажува дека Заев е виновен за неправдата и тука се клучни три работи што се откриваат. Прво, имаме јавно признание дека Заев грубо ја злоупотребил службената должност диктирајќи одлуки на Врховниот суд. Второ, тој јавно признава дека се влечат случаите и за таа негова стратегија знае и СЈО и Катица Јанева која била свесна за сето тоа.

Трето, шемата како да паднат случаите била јасна или закон за обвинителство или ќе го цитирам “трас-трас” одлука на Врховниот суд. Значи освен премиер, бил и судија, но и обвинител. И заспаното обвинителство за сето ова молчи.

Молчи затоа што е во скутот на истиот кој диктира пресуди и ја убива правдата. Иако сите надлежни молчат, ВМРО-ДПМНЕ и народот нема. Повикувам на граѓански протест утре со почеток во 18 часот кој ќе започне од пред обвинителство на кејот на Вардар па се до Врховниот суд.

Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, од сите националности и убедувања. Ова не е протест само на ВМРО-ДПМНЕ туку на сите граѓани кои знаат дека главната кочница е Зоран Заев.
Протест на кој ќе порачаме дека одговорност мора да има за неправдите и дека ЗАЕВ Е ВИНОВЕН! Одговорност за главата на октоподот која не може да се сокрие.

Но и порака за чуварите на неправдите на Заев, обвинителството и судството. Оваа држава која почива на правдата, на нашата борба за независност и слобода, на почитувањата на правото, во која Македонците се борат за своите правдини, мора да се спротивстави на ваквото брутално кршење на законите и Уставот. Тоа е наша обврска, наша должност, но и наша задача, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција, вели тој.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/287449458901152/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This