April 26, 2024, 10:37 pm

(Видео) Мицкоски: Многумина се paзочарани од политиката зошто 30 години државата се врти во круг, но мора да знаете не се сите исти, ќе создадеме нова иднина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Цели 30 години оваа земја се врти во круг, во еден затворен круг. Генерации поминаа во исчекување за некакви промени, некакво подобро утре. И секоја надеж без исклучок завршуваше со разочарување. Секоја нова искра завршуваше со еден нов ќорсокак. Триесет години видовме ама баш се, ние бевме генерација која сонуваше за отворена Европа, за Рим, за Париз, за Лондон, а добивме нови ѕидови, нови разочарувања”, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Битола.

Мицкоски додаде дека младоста на неговата генерација помина во конфликти, превирања, ограбени фирми, луѓе што остануваат без работа. Ги памети тие денови кога во семејствата и двајцата родители остануваа без работа и тоа преку ноќ. Тоа време деновите беа исполнети со несигурност, неизвесност во иднината.

„Мојата генерација немаше младост, а тие по нас немаа детство. Време поминато со надеж за иднина, со разочарувања, без иднина. Крпен живот на рати, бонови, живот на несигурност, и за тоа е тој разбирлив отпор кон се што е политика во земјата. За тоа што многумина разочараа. Но, мора јасно да ја гледате сликата и ќе видите дека не се сите исти”, порача Мицкоски.

Мицкоски посочи дека дојде времето кога граѓаните треба да создадат нова иднина, и тоа иднина со нови победи кои што мора да се издвојуваат.

„А, што е победа ме прашуваат, и ќе се обидам во неколку реченици да кажам што е победа според мене. Победа е заеднички да рушиме ѕидови кои што ги поставуваат пред нас. Победа е и да веруваме во вредностите, и тие што нудат програма за сметка на тие што нудат криминални коалиции. Победа е кога ќе спасиме 14 човечки животи, кога ќе погрешиме и ќе ја корегираме нашата грешка и ќе се извиниме и ќе продолжиме напред”, посочи Мицкоски.

Мицкоски рече дека победа е да се почитуваат граѓаните меѓусебно, да се има вредности и принципи, победа е кога се има заедничка цел. Победа кога се обезбедува сигурност и извесност. Победа е заедничкиот патриотизам.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This