(Видео) МЛАДИТЕ СИ ЗАМИНУВААТ, ПАНЧО МИНОВ СТОО: Paзочараност и peволт владее во редовите на СДММ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Разочараност и револт владее во редовите на СДММ откако беа извадени пратеничките листи на СДСМ за парламентарните избори во април.

Иако ви изминатиот период претседателот на СДММ, Дарко Каевски ги повикуваше младите да поднесат кандидатури за пратеници и ветуваше дека на пратеничките листи ќе се најдат 30% од младите сепак тоа не е така. Кога се проверат пратеничките листи на добитните места речиси и да нема млади. Дури и самиот Дарко Каевски се најде на недобитното 11 место во Изборната Единица 1, наместо на ветеното 6 место.

Ваквиот однос кон младите во партијата е одраз на односот на СДСМ кон младите во целата држава за време на нивното владеење.

Ова покажува дека младите воопшто не се во фокусот на партијата, туку во фокусот се личните интереси на партискиот врв, што се докажа и со ставањето на Панчо Минов и Зеќир Рамчиловиќ на подобри места отколку местата на кои се најдоа младите.

Доколку се анализира периодот на владеење на СДСМ ќе видиме дека воопшто не ги исполнија ветувањата кои ги дадоа за младите лица. Студентскиот град кој ветија дека ќе го градат во првите 6 месеци, не доби ни проект, но не се исполнија ни ветувањата за нови студентски домови, реновирани факултети, а дури на крајот на мандатот се пофалија се пофалија со двете реновирани згради на студентскиот дом Гоце Делчев, но заборавија да кажат дека реновирањето го почна ВМРО-ДПМНЕ, а нив им беа потребни 3 години да го завршат реновирањето. Лажно испадна и ветувањето за работа, пракса или дообука за сите дипломирани студенти, како и уште многу други неисполнети ветувања.

Затоа и не случајни се високите проценти кои се движат од 70% до 80% на млади лица кои сакаат да ја напуштат државата, бидејќи фактите говорат дека младите со СДСМ не добија никаква шанса.

Ги повикуваме сите млади да поднесат кандидатури за пратеници

30% млади на пратеничките листи на СДСМ!Ги повикуваме сите млади кои ги делат социјалдемократските вредности и имаат визија и решенија за квалитетни младински политики да поднесат кандидатури за пратеници! Ја отвараме СДСМ за квалитетни млади кадри!✊

Posted by Darko Kaevski on Tuesday, February 4, 2020

Извор: Вечер

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This