(Видео) Млад тeниcep нe ги издpжa виcoкитe тeмпepaтypи вo Мајами и пaднa нa cpeд нaтпpeвap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дрејпер докажа дека и тенисот знае да биде брутален спорт.

Стартот од АТП Мастерс турнирот во Мајами можеше да биде зацрнет, но за среќа трагедија се избегна на натпреварот од првото коло меѓу Дрејпер и Кукушкин. Младиот британски тенисер, Џек Дрејпер, во финишот од првиот сет падна на теренот од изнемоштеност не можејќи да ги издржи високите температури во Флорида.

Натпреварот се играше на околу 30 степени, по што Дрејпер покажа знаци на слабост и побара лекарска интервенција. Откако му измерија притисок и му го следеа дишењето, 19-годишниот тенисер се врати на теренот, меѓутоа се урна на среде игра и ги уплаши присутните.

За среќа, Дрејпер застана на нозе, но на неславен начин го заврши учеството во Мајами.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This