(Видео) МУ ТРЕБА ЧАС ПО ГЕОГРАФИЈА: Трамп изјави дека ѕидот ќе се пpотега до сојузната држава Колорадо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп кој борбата пpотив илeгалната мигpaција од Мексико ја стави во средиштето на својот мандат, вети изградба на ѕид во Колорадо. Трамп вети изградба на ѕид во Колорадо, но веројатно заборави дека таа сојузна држава помеѓу Јута и Канзас воопшто не се граничи со Мексико.

„Знаете зошто ќе победиме на изборите?“, запраша Трамп во говорот одржан во средата во Питсбург.

„Ќе изградиме ѕид на границата на Ново Мексико и ќе изградиме ѕид и во Колорадо“, порача Трамп и додаде дека тоа ќе биде „величенствен ѕид“ и ѕид кој навистина ќе ја врши својата функција, па мигpaнтите нема да е провлечат ниту преку, ниту под него.

„Ќе изградиме ѕид и во Тексас. Нема да градиме во Канзас, но тие ќе имаат корист од ѕидовите кои што штотуку ги споменав“, порача американскиот претседател Доналд Трамп.

Откако се појавија шеги на негова сметка во американските медиуми и на социјалните мрежи, Доналд Трамп на Твитер порача дека изградбата на ѕидот во Колорадо ја споменал како шега, а тоа го рекол затоа што на собирот имало луѓе од секаде, од Колорадо до Канзас, па сите ќе имале корист од тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This