(Видео) На пeтгoдишнo дeвoјчe и ги yкpaлe пapитe, се jaвилe oд Фepapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Малечката Медисон Хјустон останала без 600 долари што ги штедела со месеци работејќи домашни работи и продавајќи јагоди кога крадец провалил во кафулето на нејзината мајка во Пимпама, Австралија.

Крадецот ја украл заработката на неговата мајка од целата недела, но и парите на Медисон, кои таа упорно ги штедела за еден ден да си купи Ферари.

„Ќе те возев со Ферари, ако не ми ги украдеше парите“, му порача девојчето на крадецот пред камерите на 7News.

Нејзината мајка Сара Деген се пожали дека ова е веќе шеста кражба во нејзиното кафуле.

„Најлошото е што вложив многу во бизнисот и го жртвував времето што можев да го поминам со моите деца“, рече таа.

Приказната, сепак, доби среќен крај за малата Меди. Од Ферари ја виделе нејзината симпатична порака кон крадецот и решиле да и ’ги вратат на девојчето 600 долари, а исто така и дале можност да се провози во еден од нивните автомобили.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This